IMG_0915

Прием во чест на завршувањето на Европското првенство во борење во Резиденција Адора инженеринг –Црниче 06,07,2013 г.

 Адора инженеринг дооел Скопје во Резиденцијата Црниче на Водно, во саботата 06,7,2013 г. организира свечен прием во чест на завршувањето на Европското  првенство во борење,кое се одржа во Скопје, Македонија од 02-07 јули 2013 г.

На приемот присуствуваа првите  луге  на  ЦЕЛА-Асоцијација на боречките  спортови на Европа, кои  Проф. д-р. Ванчо Чифлиганец го одликува со признание- благодарност  на ЦЕЛА за неговите повеке годишни ангажмани и постигнати резултати во  развојот на  европското и светско борење.

Адора  инженеринг дооел-Скопје, додели плакети, александар македонски, на освојувачите на медали на  неодамнешните медитерански игри: Јасин Реџелари  освојувач на медал  во категорија 60 кг, Дејан Митров на 66 кг., Дејан Богданов на 84 кг., Бобан Данов на 120 кг.

  Во знак на благодарност  за личен  допринос и афирмирање на врвното борење и македонски спорт плакети од  Адора  инженеринг дооел-Скопје примија: освојувачите на првата Европска и Светска Клубска Шампионска титула во борење слободен стил ,,Бучим-Јака‘‘ 1995/1996 година, Влатко Соколов , Тони  Анчев, Данчо Вучков, Тони Танчев, Николчо Калајџиев, Трајчо Димков, Димче Ангелов, д-р Роберт Велков, истакнатите спортски работници: Насе Насев, Чедо Николовски, Владо Лазаров, Горан Ристов, спортските новинари: Видов Горги,Зоран Михајлов, Горан Милковски, и Бошко Трпески.

Архива