Korica - VANCO CIFLIGANEC - 60 godini 3

СО КОРПОРАТИВНА ПРОСЛАВА, ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МОЖЕШ И ТИ“ ОД ВЕНКО АНДОНОВСКИ И ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, ВЕЧЕРВА ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС ВО СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАНА 12 ГОДИШНИНАТА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Вечерва со голема корпоративна прослава во хотелот Александар Палас, во Скопје, во присуство на бројни гости, високи претставници на државната и  локалните власти, поглаварот на МПЦ Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, претседателот на МАНУ академик д-р Владо Камбовски, деловни партнери, купувачи, јавни личности и пријатели на компанијата, Адора инженеринг ќе ја одбележи 12 годишнината од постоењето. На прославата, која ќе биде во знакот на успешниот развој на Адора инженеринг, лидерското место во високоградбата во Македонија и регионот и нејзината препознатливост по новините и европските стандарди за сигурно, квалитетно и здраво домување, ќе биде промовирана книгата „Можеш и ти“ 60 години Ванчо Чифлиганец од авторот Венко Андоновски, романизирана биографија, прирачник за деловниот успех на сите оние кои се на почеток на својот професионален пат. Пред присутните ќе биде претставена новата фондација ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, што ќе ја продолжи филантропската традиција на ген. дир. на Адора инженеринг, за стипендирање на талентираните ученици, студенти, уметници и спортисти, за поддршка на образованието, науката, спортот и културата, хуманитарни донации за ранливите категории граѓани, спонзорства и помагање на заедницата и општеството во целина. Целосните приходи од продажбата на книгата „Можеш и ти“ ќе одат за хуманитарни цели во фондацијата ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ.

Сите купувачи на стан од Адора инженеринг во 2014-та година учествуваат во наградната игра СО КУПЕН СТАН ДО АВТОМОБИЛ ПОЛО, во која вечер на прославата јавно ќе биде извлечен среќниот добитник, кому ќе му биде предадена наградата автомобил ПОЛО.

Архива