Menadzmentot na Adora Inzenering od Delta proekt go dobiva prviot energetski pasosh vo Makedonija

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ДОБИ ПРВИОТ „ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА“ ВО МАКЕДОНИЈА-СЕРТИФИКАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗГРАДИ

Градежната компанија Адора Инженеринг Скопје денес го доби првиот „енергетски пасош А-класа“ во Македонија, односно првиот сертификат за енергетски карактеристики на станбени згради А-класа за новиот објект „Парк“ изграден во срцето на општина Аеродром, Скопје. Ова е потврда дека компанијата, пионер во воведувањето на еко домовите во Македонија, која го изгради првиот станбен објект од високата А енергетска класа и го доби првиот енергетски пасош е лидер во унапредувањето на енергетски ефикасното домување во државата.

Менаџментот на Адора Инженеринг-Скопје со првиот „енергетски пасош А класа“ во Македонија издаден од Делта проект-Скопје

Сертификатот за енергетски карактеристики на станбени згради А класа со реден број 1, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ-СКОПЈЕ, потврдува дека објектот „Парк“ на Адора Инженеринг има одлични коефициенти за пренесување на топлина кои се од 30 до 40 % подобри од законски пропишаните, додека кај застаклените површини коефициенти се за 50 % подобри од предвидените со Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Одлични индикатори за енергетска ефикасност според сертификатот има и кај специфичната потрошувачка на примарна енергија, која е со вредност 105 kwh/m²а што заедно со специфичната  емисија на CO₂ од 45,1 CO₂/m²a е потврда за намалено создавање на CO₂ во воздухот, како резултат на енергијата потрошена за греење на станбениот објект.

Првиот сертификат за енергетски карактеристики на станбени згради во Македонија А-класа за објектот „Парк“ во Аеродром-Скопје изградена од Адора Инженеринг

Адора Инженеринг Скопје како докажан градежен бренд препознатлив по градбите за сигурно, квалитетно и економично домување и натаму ќе ги следи и применува најновите светските стандарди и технологии со цел на граѓаните на Македонија да им овозможи здраво и долгорочно економично домување.

Елитен станбен Адора-Аеродром-Парк прв во Македонија со „енергетски пасош А-класа“ 

 

Архива