Prv_kolektiven_energetski_efikasen_stanben_objekt_A-KLASA_vo_Makedonija_na_Adora_Inzenering_vo_Skopje

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ИЗГРАДИ ПРВИОТ „А-КЛАСА“ НИСКО ЕНЕРГЕТСКИ КОЛЕКТИВЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО МАКЕДОНИЈА

На саемот за иновации Макинова, во рамките на Технома 2013, трговската марка Адора Инженеринг ќе го претстави иновативниот продукт, првиот изграден колективен станбен објект „А-КЛАСА“ во Македонија, според новиот правилник за енергетски карактеристики на згради. Објектот, кој е прв што во Македонија се гради со стручна студија за енергетска ефикасност на д-р Петар Николовски, според измерените параметри, на станарите ќе им троши 6 пати пати помалку енергија и пари за греење месечно во зимската грејна сезона, споредено со поранешниот станбен фонд во Македонија. Според студијата, за стан од 50 м² во новиот станбен комплекс на Адора Инженеринг од „А-КЛАСА“ во Скопје, во срцето на општина Аеродром, граѓаните ќе плаќаат само 1.250 денари месечна сметка за греење на струја, за разлика од поранешните 7.500 денари месечно за греење со струја на стан со иста површина.

На 17 октомври 2013 година-четврток, во 12 часот, на Макинова 2013, на Скопски саем Адора Инженеринг ќе се презентира какоСупербренд-Лидер во примена на  иновации во градежништвото во Македонија“.

Прв колективен енергетски ефикасен станбен објект „А-КЛАСА“ во Македонија на Адора Инженеринг во Општина Аеродром-Скопје

 

 

 

Архива