Светскиот шампион во кик бокс Димитар Ѓорѓиев, освои бронзен медал на првиот официјален настап на Македонската кик бокс федерација на светското првенство во MUAYTHAI ( тајландски кик бокс ) што се одржа во Канкун, Мексико. Ѓорѓиев, кој се пласира на светското првенство по освоеното злато на државното првенство во MUAYTHAI, носител на три светски и бројни интернационални титули во кик бокс и Кик бокс клубот Работнички-Адора се под покровителство на Адора инженеринг, во рамките на општествено одговорната стратегија на градежниот бренд и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за поддршка на спортот и спортистите, за изградба на здрави генерации и здраво општество