IMG_4882

ПРЕТСТАВНИЦИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА РАБОТИЛНИЦА КАКО ДО ПОГОЛЕМ ИМИЏ И ПРОФИТ ПРЕКУ ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ?

На работилница на тема „Како до поголем имиџ и профит преку општествената одговорност и balance scorecard“, знаењата за стандардизираната примена на општествената одговорност ги усовршуваа претставниците на Адора Инженеринг, Нина Кепеска, одговорна за CSR во компанијата и Елисавета Кошевец од областа на корпоративните комуникации. Низ интересни интерактивни предавања и презентации во организација на здружението Конект и D2EM консалтинг, учесниците на работилницата добија корисни теоретски сознанија во врска со имплементација на меѓународниот стандард за општествена одговорност ISO 26000, кој го воведува Адора Инженеринг, се запознаа со практични искуства од други компании за подобрување на бизнис перформансите и избалансираните резултати преку општествено одговорните практики,  за дефинирање на индикаторите и изготвување на акционен план за практична примена на општествената одговорност во компанијата. Адора Инженеринг има долга традиција во општествено одговорните практики како грижа за заедницата, вработените, купувачите, животната средина и општеството, што е потврдено и со нејзиното членство во Глобалниот Договор на ООН.

Претставници на Адора Инженеринг на работилница за ООП 

Архива