DSCN1823

РЕКОРДНО, ЗА 50 ДЕНА ПОСТАВЕНИ СЕ 14 АРМИРАНО-БЕТОНСКИ ПЛОЧИ НА НОВИОТ СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ, СКОПЈЕ, КАЈ ЦРКВАТА СВЕТИ ИЛИЈА

За само 50 дена од почетокот на градежните работи, поставени се 14 армирано-бетонски плочи на новиот елитен станбен објект, кој Адора Инженеринг Скопје го гради во срцето на општина Аеродром, во непосредна близина на црквата Свети Илија. Вредните градежни работници, предводени од стручниот и менаџерски тим, на чело со ген. дир проф. д-р Ванчо Чифлиганец, главниот инженер Стефан Орачески-надзор на објектот, инженерите Вангел Ташовски и Глигор Ѓорѓиев, главниот раководител Блаже Манаилов и градежниот техничар Благоја Ѓуров, поставија нов рекорд во македонското современо градителство, достоен за почит.

Рекордна изградба на новиот енергетски ефикасен станбен објект А КЛАСА на Адора Инженеринг во Скопје, општина Аеродром, кај црквата Свети Илија
Главен градежен инженер Стефан Орачески-надзор на објектот

За 50 дена изградени се 15 илјади м² армирано-бетонски плочи, во кои се вградени 5.700 м³ бетон, 730 тони железо, што е гаранција за врвната асеизмичка сигурност, геомеханичка стабилност и квалитет според најновите светски стандарди. Новиот станбен објект во општина Аеродром, кој е во близина на главната железничка и авгтобуска станица, на само 20 минути пешачење од строгиот центар на Скопје, е во рамките на новиот станбен комплекс којшто Адора Инженеринг го гради во центарот на модерната општина Аеродром во Скопје и е  од високата А КЛАСА, што далеку ги надминува барањата на правилникот за енергетски карактеристики на згради, кои на станарите ќе им заштедуваат енергија и пари за греење, со потрошувачка до шест пати помалку од порано.

За 50 дена изграден новиот елитен станбен објект на Адора Инженеринг во центарот на општина Аеродром, Скопје

 

Архива