Prodazen tim na Adora so gen. dir. d-r Cifliganec

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО РЕКОРДНА ПРОДАЖБА НА 87 СТАНОВИ ВО ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2014 ЗАБЕЛЕЖА ПОРАСТ ЗА 45 % ОД МИНАТАТА ГОДИНА

Со рекордна продажба на 87 елитни станови во првите три месеци од годинава,  Адора Инженеринг забележа пораст на продажбата од 45 % споредено со првото тримесечје од 2013 година. Само во март годинава оваа градежна компанија  продаде 37 елитни станови, што е за 77 % повеќе од истиот период минатата година. Во текот на март се продаваа повеќе од еден стан дневно, а рекордот беше продажба на седум станови во еден ден.

Продажниот сектор на Адора Инженеринг со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец
Проектантското биро на Адора Инженеринг

„Високата продажба на станови во првите три месеци од годинава се должи на тоа што граѓаните се добро информирани што купуваат, благодарјеќи на потврдениот и препознатлив градежен бренд Адора Инженеринг. Компанијата 12 години е синоним за висок квалитет на градба, врвна сеизмичка безбедност, геомеханичка стабилност, што два пати научно и практично е докажана со вештачки земјотрес на наши станбени објекти и долгорочната  економичност на енергетски ефикасните станови, кои до шест пати штедат потрошувачка на енергија за греење. Рекордната продажба се должи на поволната цена на квалитетните станови, следењето и примената на современите светски стандарди и трендови во домувањето, посветената и професионална работа на менаџерскиот, стручниот и градителски тим на Адора Инженеринг кој постојано се усовршува и едуцира за брза и квалитетна еко градба, препознаена како најсигурна инвестиција и трајна вредност од купувачите. Придонес за високата продажба на Адора Инженеринг има и големиот интерес за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој го раздвижи пазарот на недвижнности, стабилната монетарна политика, стабилниот банкарски систем, како и поволната бизнис клима што државата ја креира особено во градежниот сектор.“- изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг, според кого нагорниот продажен тренд во компанијата е добар показател за раздвижувањето на прометот со недвижности, што позитивно се рефлектира врз производството на градежните материјали, ангажирањето на градежните работници, проектанти, инженери, инвеститори и воопшто врз раздвижувањето на македонската економија.

Градежната оператива на Адора Инженеринг на изградба на објект

Адора Инженеринг е 18-та најуспешна компанија во 2013-та година според Централниот Регистар на Р.М, кој последните години ја рангира меѓу 20-те најуспешни компании, како една од најбрзорастечките компании во Македонија. 

А класа енергетски ефикасен станбен објект Скопје-Аеродром Центар

Елитен резиденцијален комплекс Скопје-Под Водно
Архива