IMG_1121

РЕКОРДНА ПРОДАЖБА НА 38 ЕЛИТНИ СТАНОВИ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО НОЕМВРИ 2013

Со продажба на 38 елитни висококвалитетни станови во текот на ноември, или  повеќе од еден стан дневно, Адора Инженеринг Скопје постига нов рекорд во својата продажба. Продадените станови се во елитните објекти на брендот Адора Инженеринг во Скопје, во новиот комплекс кој се гради во срцето на општина Аеродром, во близина на главната автобуска и железничка станица, Под Водно, во центарот на градот во близина на државната болница, во модерната населба Адора во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје и на атрактивната локација Билјанини Извори во туристичкиот бисер Охрид. Купувачите кои се одлучија животното станбено прашање да го решат со избор на нов дом од понудата на Адора Инженеринг, станаа сопственици на модерни еко станови со врвна асеизмичка сигурност и геомеханичка стабилност, докажана со „вештачки земјотрес“, енергетски ефикасни објекти од А КЛАСА, со долгорочна економичност и заштеда во потрошувачката на енергија до шест пати помалку во однос на порано и многу други придобивки од висококвалитетното домување според најновите светски стандарди и современи технологии.

За сите купувачи на станови за време на новогодишните и Божиќни празници Адора Инженеринг подготви поволности и празнични изненадувања. 

 

Архива