НОВОСТИ

НОВОСТИ

Д-Р ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ НА БИЗНИС ФОРУМОТ НА РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ-ЦЕНТАР

Д-Р ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ НА БИЗНИС ФОРУМОТ НА РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ-ЦЕНТАР

Извршниот директор на „Адора Инженеринг“-Скопје, д-р Драгана Чифлиганец, со презентација на тема „Пазарот на недвижнини, состојби и перспективи“, во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје се претстави на V годишниот бизнис форум, кој вчера се одржа во организација на Ротари клубот Скопје-Центар. Пред претставници на дипломатскиот кор, членовите на Ротари клубовите од Скопје и Македонија, претставници на бизнис и општествената заедница, д-р Драгана Чифлиганец со компаративна анализа се осврна на секторот за градежништво и пазарот на недвижности, како најбрзорастечка и главна, носечка дејност во растот и развојот на македонската економија.

Учесниците на Бизнис форумот на Ротари клубот Скопје-Центар

„Му благодарам на Ротари клубот Скопје-Центар, за можноста пред учесниците и гостите на Бизнис форумот да ги претставам искуствата од работењето на „Адора Инженеринг“. Ова беше ретко убава прилика пошироката јавност да дознае повеќе за актулените состојби на пазарот на недвижности низ елаборирано објаснување на неговите креатори зошто наместо цените, најважен фактор за долгорочна, трајна и сигурна инвестиција во недвижностите и купување нов дом е нивниот  квалитет. Сметам дека вакви анализи се многу потребни и корисни за економијата, граѓаните и државата“-вели д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг-Скопје.

Д-р Драгана Чифлиганец на Бизнис форумот на Ротари клубот Скопје-Центар

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ