DSCN4746

ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ НА ШТАНДОТ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА САЕМОТ „ВДОМИ СЕ ВО 3 ЧЕКОРИ“ ВО СИТИ МОЛ-СКОПЈЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

Повеќе илјади посетители, млади брачни парови, поединци и семејни луѓе и повозрасни граѓани, изминатиот викенд го посетија штандот на Адора Инженеринг, интересирајќи се за понудата на станови на овој градежен бренд во рамките на проектот „Купи куќа, купи стан“ на саемот „Вдоми се во 3 чекори“ што од 24-ти до 28ми октомври се одржува во Сити Мол, Скопје. Граѓаните се задоволни што на едно место можат да ги добијат сите информации и да се запознаат со сите услови и можности за купување нов дом со проектот, а учесниците сметаат дека саемот е полн погодок, за што потврда е огромниот интерес на посетителите. Штандот на Адора Инженеринг го посети и вицепремиерот во владата м-р Зоран Ставрески, министер за финансии, иницијатор за организирање на саемот „Вдоми се во 3 чекори“ за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој може да се посети до 28-ми октомври, вторник, во времето од 10 до 22 часот, во Сити Мол, Скопје.

Илјадници посетители заинтересирани за понудата на Адора Инженеринг во проектот „Купи куќа, купи стан“ на саемот во Сити Мол-Скопје

Архива