DSCN2696

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Адора Инженеринг со свој штанд учествува на 10-тиот јубилеен Саем за вработување и кариера Job Fair 2014, што денес и утре се одржува на Градежниот факултет во Скопје во организација на оваа високообразовна институција и Бордот на европски студенти по технологија БЕСТ-Скопје. Стотици студенти и нивни професори на градежниот и архитектонскиот факултет во Скопје го посетија штандот на Адора Инженеринг каде тие пројавија голем интерес за градежната компанија, за квалитетот на градбите, тестовите на сеизмичката стабилност со „вештачки земјотрес“ што единствено ги практикува овој градежен супербренд, за енергетската ефиканост и долгорочната економичност на еко домувањето и други карактеристики по кои е препознатлива Адора Инженеринг во јавноста.

Голем интерес на штандот на Адора Инженеринг на Саемот за вработување и кариера на Градежниот факултет

Учеството на саемите за вработување и кариера, каде студентите се интересираат за практична работа, волонтирање и потенцијално вработување во иднина, е традиција на Адора Инженеринг, која како сериозна компанија и градежен лидер во Македонија е секогаш отворена за младите генерации кои сакаат да добијат нови сознанија и практично да ги збогатат искуствата од образованието во реалниот бизнис.

 Адора Инженеринг се претставува на Саемот за вработување и кариера Job Fair 2014 во Скопје

Архива