DSCN4540

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЕ ПРЕТСТАВИ НА ПРВИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Адора Инженеринг со уште 90-тина компании во Македонија учестуваше на првиот саем за вработување што во организација на Агенцијата за вработување и УСАИД се одржа денес во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Илјадниците посетители на саемот, замислен како место за непосреден контакт на невработените и работодавачите, покажаа голем интерес за Адора Инженеринг, за дејноста на градежната компанија и можностите за вработување на кадри со високо образование и градежни работници од различни профили. Менаџерите на компанијата ги информираа граѓаните за можностите за вработување во Адора Инженеринг, која е отворена за нови стручни кадри, секогаш подготвени за следење и примена на најновите стандарди и трендови за квалитетно и успешно работење во компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот.

Голем интерес за Адора Инженеринг на првиот саем за вработување-Скопје

 

 

На првиот саем за вработување во Македонија, со посета од околу 20 илјади граѓани, се обратија вицепремиерот за економиски прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, кои порачаа дека тој е дел од програмските приоритети на владата за нови вработувања и отворање на нови работни места. За поврзување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот во Македонија, во соработка со УСАИД и УНДП, Агенцијата за вработување организира осум саеми за вработување, проследени со форуми за рабготодавачи и форуми за млади луѓе.

Отворање на првиот саем за вработување во Скопје 

 

Архива