НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРЕТСТАВНИЦИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГИ СЛЕДАТ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ НА САЕМИТЕ ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО ДУБАИ И ЗА АРХИТЕКТУРА ВО МИЛАНО

ПРЕТСТАВНИЦИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГИ СЛЕДАТ СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ НА САЕМИТЕ ЗА НЕДВИЖНОСТИ ВО ДУБАИ И ЗА АРХИТЕКТУРА ВО МИЛАНО

Извршната директорка на Адора Инженеринг-Скопје, д-р Драгана Чифлиганец е во посета на големиот саем на недвижности „Cityscape“ што се одржува во Светскиот трговски центар во Дубаи, Обединетите Арапски  Емирати. Саемот посветен на градскиот пејсаж е клучен настан на пазарот на недвижности на Блискиот Исток на кој 25.000 инвеститори, претставници на регионални и локални власти,  програмери, архитекти, дизајнери и други стручњаци, ги промовираат инвестициите и разменуваат мислења и идеи кои се главен двигател на растот и развојот на пазарот на недвижности во целиот свет. Стекнатите искуства за современите глобални трендови во областа на недвижностите, д-р Драгана Чифлиганец со тимот на Адора Инженеринг ќе ги имплементира во работата на  компанијата, лидер во градежништвото и високоградбата во Македонија.

Д-р Драгана Чифлиганец-извршен директор на Адора Инженеринг во посета на „Cityscape Global“-Dubai 2013
Д-р Чифлиганец ги следи светските трендови на „Cityscape Global“-Dubai 2013
Светски саем за недвижности – „Cityscape Global“-Dubai 2013

     Раководителот на проектантското биро на Адора Инженеринг, архитектот Ванчо Ѓеорѓиевски, беше во посета на „MADE expo“ 2013, реномираниот Саем за архитектура, дизајн, иновации и градежништво, што деновиве се одржа  во Милано, Италија. Стекнатите сознанија за врвните современи италијански трендови во архитектурата, најновите градежни материјали, со посебен осврт на одржливата архитектура, пасивните објекти за домување и софтверите од областа на проектирањето и изведбата, Ѓорѓиевски со тимот архитекти ќе ги имплементира во проектирањето на новите елитни станбени објекти на Адора Инженеринг.

Реномираниот италијански саем „MADE expo“-2013, Милано Италија

 

 

                                    

 

                                   

 

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ