Семејството Ангеловски на потпишувањето на конечниот договор

СЕ ПОТПИШУВААТ КОНЕЧНИТЕ ДОГОВОРИ СО КУПУВАЧИТЕ НА СТАНОВИ ВО ОБЈЕКТОТ СКОПЈЕ-ЦЕНТАР-ПОД ВОДНО

Започнаа да се потпишуваат конечните договори за купување на становите во елитниот станбен објект Скопје-Центар-Под Водно, за кој излезе имотниот лист со број 56305 К. О. Центар 2. Првите купувачи кои конечните договори ги склучија во „Адора Инженеринг“ изразија задоволство од изборот, за што според нив одлучувачка била одличната локација во центарот на Скопје и високиот квалитет на градбата.

 

Семејството Ангеловски на потпишувањето на конечниот договор

Семејството Ангеловски на потпишувањето на конечниот договор

 

„Задоволни сме, радосни и среќни во новиот дом во објектот Скопје-Под Водно, каде веќе живееме и сами се уверивме во придобивките од квалитетното домување, одличните вградени материјали и примената на современите светски стандарди. Посакуваме во новиот стан да имаме добро здравје, среќа и убави моменти и секако да се множат новите генерации, наследници на семејството“. – порача д-р Јани Ангеловски, купувач на стан.

 

Честитки од продажниот сектор по потпишувањето на конечниот договор

Честитки од продажниот сектор по потпишувањето на конечниот договор

 

„Одличната локација во срцето на метрополата, каде е сместен станбениот објект Скопје-Под Водно нуди мирен, урбан живот со одлични можности за работа, одмор и рекреација, што заедно со докажаниот квалитет, функционалноста, модерните решенија и препораките на пријателите, беа пресудни да купам стан од „Адора Инженеринг“ во овој објект, поради што сум многу задоволен. – е пораката на Јован Јанев, меѓу првите купувачи во елитниот објект Скопје-Под Водно. 

 

Честитики по склучувањето на конечниот договор

Честитики по склучувањето на конечниот договор

 

Задоволни купувачи, задоволни продавачи

Задоволни купувачи, задоволни продавачи

Архива