Со голема пролетна акција се озеленува и хортикултурно се збогатува парк шумата во резиденцијата АДОРА во елитната населба Црниче во Скопје. Во паркот се засадени околу 600 нови дрвја, чемпреси, липи, јасен и други видови, кои со 600-те постојни дрвја прават густ зелен појас меѓу резиденцијата сопственост на „Адора Инженеринг“ и урбаната општина Кисела Вода во Скопје. Зелената природна завеса го разубавува просторот, го освежува воздухот и ги претставува еколошките бели дробови на овој дел на Скопје, што од тука, низ прекрасна панорама, се гледа како на дланка. Во елитната резиденција АДОРА во Црниче, Скопје има осум елитни апартмани за квалитетно домување, модерни подземни паркиралишта, луксузен базен со поглед на зелените падини на Водно и целиот град Скопје и сопствена парк шума од околу 6.000 м2.