vesti-03-01

СО 3,20% КАМАТА, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И СТОПАНСКА БАНКА-СУПЕР ШАНСА ЗА НОВ ДОМ!

Градежната компанија Адора Инженеринг и Стопанска банка ги обезбедија најповолните услови за купување нов дом, со фиксна каматна стапка од само 3,20% во првите 3 години, за клиенти кои платата ја примаат преку банката.

Целта на Адора Инженеринг со овој субвенциониран кредит од страна на компанијата, е да им овозможи на граѓаните да станат сопственици на нов стан, изграден по европските стандарди за квалитетно и економично домување. Успешната приказна на Адора Инженеринг трае повеќе од 10 години. Команијата е сининим за сигурност и квалитет во високата градба, каде важи за лидер на овие простори. Адора Инженеринг е специјализирана за проектирање и изградба на елитни станбено-комерцијални објекти, применувајќи ги најновите светски трендови за енергетска ефикасност, што на станарите им овозможува заштеда на енергија и пари.

Mакедонските граѓани при изборот на финансиски партнер за купување на сопствен дом најчесто ја избираат Стопанска банка, која континуирано ги подобрува условите за станбен кредит, поради што што банката има најголемо учество во пазарот на станбени кредити во Македонија.

Адора Инженеринг и Стопанска банка, нудат единствен ваков кредитен производ на пазарот со флексибилни услови, гарантирани и намалени каматни стапки во првите 3 години.

Со оваа специјална понуда, двете компании продолжуваат да бидат водечки компании во градежништвото и банкарскиот сектор во Република Македонија.

Архива