СО КУПЕН СТАН ОД АДОРА ДО ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ВО ДУБАИ И ПОНУДА ЗА БРАК НА НАЈВИСОКИОТ ОБЛАКОДЕР ВО СВЕТОТ

Анета Тодоровска и Тарас Бендик, со купениот стан од Адора Инженеринг во елитниот објект Скопје-Аеродром-Парк добија наградно патување во Дубаи, што двајцата ќе го паметат цел живот, откако под светлата на највисоката зграда во светот падна и понуда за брак. Новиот стан од Адора на овие среќни купувачи им донесе топло семејно гнездо што сега го уредуваат откако годишниот одмор го минаа уживајќи во убавините на урбанистичкото-градежно чудо и туристичка атракција Дубаи, каде Тарас и Анета по повеќемесечна разделеност, повторно беа заедно со семејството. Незаборавното патување и авантуристичките доживувања во егзотичните дестинации во овој дел од светот ги исполнија срцата на Анета и Тарас со енергија и мотив да продолжат со остварување на нивниот животен сон.

 

„Ова беше нашиот најубав одмор досега, со многу емоции и  преубави спомени, што одамна го чекавме и планиравме за повторно да се видиме со сестра ми која веќе 14 месеци живее во Катар и брат ми кој 8 месеци живее во Дубаи, па наградното патување од Адора за купениот стан беше прекрасно изнедадување што дојде во вистински момент за нас. Во Дубаи една недела престојувавме во прекрасниот хотел Глориа во апартман од 72 м² на 32-иот кат, каде секојдневно уживавме капејќи се во базен и џакузи со магичен поглед на целиот град. Задоволство беше да се шетањето низ најголемиот шопинг центар во светот кој се протега на огромен простор од 1 милион м², уникатен по аквариумот, подводниот животински свет, лизгалиштето и шоуто на разиграните фонтани. Ја посетивме марината со луксузните јахти, се возевме со брод налик на пиратските бродови на Карибите, уживавме во дневниот и ноќниот разглед на градот искапен во милион разнобојни светла, не фасцинираа прекрасните хотели во форма на пирамиди со статуи на фараони во волшебната градина, се сончавме и капевме на прекрасните плажи, дегустиравме различни вкусови на храна во рестораните, се забавувавме во модерна дискотека до утринските часови“.- ни раскажа Анета, која посебно ја издвојува екскурзијата  „Пустинско сафари“ со  возбудливото возење по песочните дини и јавањето на камили, глетката на зајдисонцето во пустина, уметничкото цртање на рацете на туристките, рачната изработка на автентични сувенири од различни бои на песок и ориенталниот танц на девојките на  традиционалната арапска вечера. Сепак доживувањето кое Анета ќе го памети цел живот е случката на врвот на највисоката кула во светот Burj Khalifa, каде на 124-тиот кат од каде објектите изгледаат како милион светкави точки, сосема неочекувано, Тарас клекнал на колена пред својата сакана со прстен во раката и ја побарал за сопруга, по што Анета го изговорила судбоносното ДА. Младиот пар вели дека нивната последна вечер на наградното патување во Дубаи била магична, исполнета со многу убавина, силни чувства и љубов, на што секогаш ќе се сеќаваат.

 

Оваа патеписна приказна што со нас ја споделија Анета Тодоровска и Тарас Бендик со прекрасните фотографии од Дубаи, сведочат за среќата што ги следи купувачите кои во Адора Инженеринг го избираат својот нов дом, што им носи бериќет и радост, отворајќи им нови врати за убави и вредни достигнувања во животот…

Архива