IMG_0219

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ПОДДРЖУВА И УЧЕСТВУВА НА СОВЕТУВАЊЕТО ЗА ЗАКОНОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ И ПРИМЕНА ВО ПРАКТИКАТА

Примена на новиот закон за катастар на недвижности во практиката, дилеми и предизвици беше во фокусот на расправата на советувањето, кое денес во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа во организација на Здружението на правниците на Република Македонија, со поддршка на Адора Инженеринг, во рамките на општествено одговорните активности на градежната компанија. На  советувањето, за споредбената анализа на старата и новата законска регулатива и правниот систем, за функционирањето на Агенцијата за кастар за недвижности, за геодетските работи во нејзина надлежност и за низа конкретни прашања од оваа проблематика, зборуваа д-р Даница Миладинова, извршен директор на здружението на правниците, проф. д-р Родна Живковска и Славчо Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Меѓу присутните 50-тина учесници од адвокатски и нотарски канцеларии, компании од различни дејности, судови, факултети и општиниски служби, на стручниот форум беа и претставници на Адора Инженеринг од секторот за правни работи и за продажба на недвижности.

Семинар за примена на законот за катастар на недвижности во практиката
Предавачите на семинарот за законот за катастар на недвижности

                                               

 

Архива