DSC_5493

СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ОСВЕТЕНО И ОТВОРЕНО СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО „БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ“ ВО ОХРИД-ДОНАЦИЈА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ-КУМ НА ВОДИЦИ ОХРИД-2012

Утре-сабота-5 јули во 10 ч. и 30 мин. на градското пристаниште во Охрид, свечено ќе биде осветено и отворено новото спомен-обележје „Богојавление-Водици“, донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг, кум на Водици Охрид-2012, дар за Охрид, граѓаните и сите посетители и туристи кои доаѓаат во балканскиот Ерусалим. Се покануваат сите граѓани на Охрид и гостите кои ќе бидат викендов на брегот на Охридското Езеро, да присуствуваат на свеченоста со што ќе и се оддаде почит на богатата традиција на празнување на Водици во Охрид, што прерасна во масовен верско-туристички спектакл, заштитен белег на оваа културно-историска престолнина на Балканот. За спомен-обележјето „Богојавление-Водици“, претставено преку симболот „Фаќач на крст“, дело на авторот-академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски, поставено на релјефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви и за традицијата на прослава на Христовото крштевање во Охрид, е објавена книга на македонски и англиски јазик. Отворањето на спомен-обележје „Богојавление-Водици“, што симболично ќе го извршат градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и донаторот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, е во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со што симболично се означува почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.

Спомен-обележје „Богојавление-Водици“ на градското пристаниште во Охрид 

Архива