НОВОСТИ

НОВОСТИ

СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ-ДОНАЦИЈА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕН ВО ОХРИД ДО ЛЕТНАТА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА 2014

СПОМЕНИКОТ ЗА ВОДИЦИ-ДОНАЦИЈА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕН ВО ОХРИД ДО ЛЕТНАТА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА 2014

„Спомен обележјето посветено на големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Охрид, кај градското пристаниште, ќе биде поставено до почетокот на главната летна туристичка сезона 2014-та година“.- потврди донаторот на споменикот проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг Скопје, Кум на Водици Охрид-2012, на изборот на новите кумови за Водици-2014, градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески и приватниот  стопанственик Сашо Симески. Д-р Чифлиганец на свечената седница на здружението Богојавление во општина Охрид истакна дека Охрид заслужува споменик за Водици и дека тоа што го ветил пред охриѓани и ќе го оствари.

„Новата локална самоуправа ја прифати претходно покренатата иницијатива на што и благодарам, локациските услови се утврдени и се надевам дека до празникот Водици ќе биде поставен постментот, а спомен обележјето очекувам да биде готово до почетокот на туристичката сезона во Охрид догодина, доколку не се случат некои непредвидени работи“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. и сопственик на најуспешната градежна компанија во Македонија Адора Инженеринг Скопје.

Новите кумови на Водици Охрид-2014, градоначалникот д-р Никола Бакрачески и стопанственикот Сашо Симески најавија богата четиридневна програма за празникот Водици на најмасовната прослава на Богојавление во Охрид, којашто ќе ја поддржи и поранешниот кум на Водици-2012, проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ