Picture_046

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-СПОНЗОР НА 68-та СРЕДБА НА ПРАВНИЦИТЕ ВО ОХРИД

Во рамките на своите општествено одговорни активности, „Адора Инженеринг“ беше главен спонзор на 68-та Средба на правниците, што се одржа во Охрид со 250 учесници, правници, членови на Здружението на правниците на Република Македонија. На средбата на брегот на Охридското Езеро, правниците од македонските компании, државните, законодавни институции и научната дејност расправаа за „Отворените правни прашања од имотноправната, деловноправната и трудовоправната област“, преку презентации на познати теоретичари и претставници на практиката, со акцент на најновите закони донесени во 2013 година, предложените нацрт закони и перспективата за нивната примена.

Архива