НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ПОДДРЖА МАРАТОНОТ ОХРИД ТРЧАТ 2018

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ПОДДРЖА МАРАТОНОТ ОХРИД ТРЧАТ 2018

Традиционално, Адора инженеринг го поддржа одржувањето и на вториот маратон Охрид ТрчаТ 2018, што вчера во нашиот најпознат туристички центар ги обедини спортот, дружењето и рекреацијата и потврди дека Охрид МојТ, Охрид СакаТ и Охрид ТрчаТ. Во трката, во која низ атрактивната патека од градскиот плоштат, езерскиот кеј, охридските улици и стариот град, учествуваа над илјада маратонци од десет држави, први стигнаа на целта кениецот Стенли Кипруто и македонката Андријана Поп Арсова. Најмногу алпауз добија лицата со посебни потреби и децата со ретки болести, кои беа прогласени за најдобар тим билдинг на охридскиот маратон. Адора инженеринг, се претстави со свој штанд на манифестацијата и додели повеќе стотици  ладала на учесниците и присутните, за разладување на сончевото и топло време. Со поддршката на Охрид ТрчаТ, овој градежен бренд потврди дека како општествено одговорна компанија, секогаш во рамките на своите можности ги поддржува спортот и спортистите, со цел да придонесе во изградба на поздраво и посреќно општество.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ