IMG_1104

СО ВГРАДЕНИ 500 М³ БЕТОН ПОСТАВЕНА ТРЕТАТA АРМИРАНО-БЕТОНСКА ПЛОЧА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ СКОПЈЕ-АЕРОДРОМ-ЦРКВА

Со вградување 500 м³ бетон, 47 кг/м² и 130 кг/м³, вредните градежни работници и мајстори на Адора Инженеринг ја поставија третата приземна армирано-бетонска плоча на новиот елитен објект кај црквата Свети Илија, во новиот станбен комплекс којшто компанијата го гради во срцето на општина Аеродром, Скопје.

Поставена трета армирано-бетонска плоча на новиот објект Аеродром-Црква

Во близина на главната Автобуска и железничка станица во Скопје, во центарот на општина Аеродром, Адора Инженеринг гради елитен комплекс со три нови станбени објекти, според најновите стандарди за врвна геомеханичка стабилност  и  асеизмичка сигурност, квалитетно домување и енергетска ефикасност, што на станарите долгорочно ќе им овозможи помала потрошувачка на енергија и пари за греење до шест пати споредено со порано.

Работа на трета приземна армирано-бетонска плоча на Скопје-Аеродром-Црква

Станбениот објект, кој се гради со одобрение за градба бр. 23-101, на ул. „Руди Чајевац“ бр. 41, општина Аеродром, Скопје, ќе биде подготвен за „енергетски пасош“ и според новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради во Република Македонија, наместо бараната  „Ц“, ќе биде од високата „А“-КЛАСА.

Елитен енергетски ефикасен станбен објект Скопје-Аеродром-Црква

Архива