DSCN0059

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ-СКОПЈЕ ГО ПОДДРЖА И УЧЕСТВУВАШЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКОТО ДЕФИЛЕ ВО СКОПЈЕ

Во рамките на Европската недела на движење, под мотото „Во град без мој автомобил“ Адора Инженеринг учествуваше и го поддржа масовното  велосипедско дефиле  што денес се одржа во организација на Град Скопје, Министерството за животна средина и Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Четворица претставници на компанијата д-р Драгана Чифлиганец, Нина Кепеска, м-р Борче Чифлиганец и Спасе Стојанов, со голем број велосипедисти ја извозија патеката долга 10 км, од Порта Македонија, преку општина Аеродром, до Градскиот Парк, со што дадоа свој придонес во глобалната акција за почиста и поздрава животна средина. На тројца најсреќни учесници на дефилето: Стефанија Ангеловска од училиштето „Димитар Влахов“, Андреј Татарчевски од училиштето „Ѓеорѓи Димитров“ и Илија Лалковски од Електро факултет, чии бројчиња беа извлечени, Адора Инженеринг им додели подароци велосипеди, со што ја поддржа манифестацијата. На велоспидеското дефиле, учествуваа и Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, Евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, заменик министерот за животна средина Стево Темелковски и други претставнциите на државни, локални институции, бизнис секторот, невладиниот сектор и граѓани. Поддршката на манифестацијата по повод Европската недела на движењето е во рамките на бројните општествено одговорни активности, за кои Адора Инженеринг има долгогодишна богата традиција.

Претставниците на Адора Инженеринг-Скопје на Велосипедското дефиле
Д-р Драгана Чифлиганец со Евроамбасадорот Аиво Орав, Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, Заменик министерот за животна средина Стево Темелковски и пратеничката Лилјана Поповска
Голем број учесници на велосипедското дефиле низ улиците во Скопје
Тимот на Адора Инженеринг со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец и првиот човек на македонската метропола Коце Трајановски – Градоначалник на Град Скопје
Тимот на Адора Инженеринг со учесниците-добитници на велосипеди донирани од компанијата

                

 

                      

 

                      

 

                       

 

                        

Архива