Nova_Aerodrom_Crkva_1

Со „вештачки земјотрес“, Адора Инженеринг и ИЗИИС во прилог на новините во Законот за градење, повторно ќе ја докажуваат стабилноста на станбен објект во Скопје

Адора Инженеринг со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, со „вештачки земјотрес“ повторно научно ќе ја докажуваат стабилноста на станбените објекти, изградени од оваа градежна компанија. Во прилог на новите измени на Законот за градење, за зголемена стабилност и сеизмичка заштита на градбите и за  безбедност на граѓаните, по повод Саемот за градежништво и Саемот на недвижнини RealExpo 2014, со „вештачки потрес“ утре, 28-ми февруари, петок, во 11.30 часот,   практично ќе се тестира сигурноста на новоизградениот станбен објект на Адора Инженеринг на улица „Методија Шаторов Шарло“ бр. 23 во општина Аеродром, до црквата Свети Илија во Скопје. Преку примерот на Адора Инженеринг, која заедно со ИЗИИС е првата и единствена компанија која во независна Македонија ја докажува врвната асизимичка стабилност на станбените објекти со „вештачки земјотрес“, градежништвото и високоградбата во Македонија испишуваат нова страница на препознатливост за квалитетна и безбедна градба во регионот, Европа и светот.

Станбен објект на Адора во Аеродром-Скопје, кој ќе се тестира со „вештачки земјотрес“

Архива