НОВОСТИ

НОВОСТИ

СО ВТОР ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ИЗИИС ЈА ПОТВРДИЈА ВРВНАТА СИГУРНОСТ НА СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ

СО ВТОР ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ И ИЗИИС ЈА ПОТВРДИЈА ВРВНАТА СИГУРНОСТ НА СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ

Адора Инженеринг и Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, со „вештачки земјотрес“ на врвот на единаесеткатен станбен објект во општина Аеродром, Скопје, повторно научно ја докажаа сигурноста на станбените објекти  изградени од овој градежен супербренд. Во прилог на новите измени на Законот за градење, за зголемена стабилност и сеизмичка заштита на градбите и за  безбедност на граѓаните, со „вештачки потрес“, денес практично се тестираше сигурноста на новоизградениот станбен објект на Адора Инженеринг на улица „Методија Шаторов Шарло“ бр. 23 во општина Аеродром, до црквата Свети Илија во Скопје.

 

            „Зградата и сами видовте дека е еластична, сите почувствувате како  убаво се движи , објектот го мериме на 100 мерни точки, но нема никакви пукнатини, ниту некакви проблеми од потресот. Адора Инженеринг е единствената градежна компанија која во Македонија ги тестира зградите со „вештачки земјотрес“, што е добар пример и за другите. Спрега на науката и квалитетот дава вакви квалитетни објекти.“ – им порача на големиот број присутни проф. д-р Михаил Гаревски, дир. на ИЗИИС.

 

„Овие тестирања не ги правиме за маркетинг, ниту се тие

демонстрација на сила. Со вградување на 40 до 50 % појаки  и поцврсти материјали од проектираното, Адора Инженеринг ја праќа пораката дека градиме висококвалитетна 100 % македонска градба, што е најголема гаранција дека граѓаните коишто ќе живеат во овие станови ќе бидат безбедни и ќе имаат мирен сон. Тоа е афирмација на безбедната и квалитетна македонска градба во регионот, Европа и светот.– порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.

            „Високиот квалитет и високите стандарди кои ги наметнува ген. дир. на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на конкуренцијата во градежништвото, е еден добар пример како треба да се работи, кој покажува дека сеуште постојат фирми кои знаат како треба квалитетно да градат, а граѓаните после сами го прават изборот„ – изјави Борис Хрисафов- изв. дир. на Цементарница УСЈЕ ТИТАН.

            „Одамна сакавме да се внесе како законска обврска ИЗИИС да ја контролира стабилноста на објектите, за што некои се сомневаа дека тоа е  можно во држава во Југоисточна Европа. Јас сум навистина горд што има вакви примери кои на извонреден начин потврдуваат дека секојдневно расте квалитетот на разбирањето меѓу нас од науката и практичарите-инвеститорите, за што проф. д-р Чифлиганец го направи првиот чекор.“- изјави проф. д-р Данило Ристиќ од ИЗИИС.

             

На тестирањето со „вештачки“ земјотрес на станбената зграда на Адора во Скопје, присуствуваше градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, претставници на институции и бизнисот, купувачи, како и љубопитни граѓани.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ