НОВОСТИ

НОВОСТИ

„Вештачки земјотрес“ по повод 50 години од скопскиот земјотрес, ја потврди асеизмичката стабилност на станбените објекти на Адора Инженеринг

„Вештачки земјотрес“ по повод 50 години од скопскиот земјотрес, ја потврди асеизмичката стабилност на станбените објекти на Адора Инженеринг

   „Вештачки симулиран потрес“ на десеткатен објект во станбената населба „Адора“ во општина Аеродром, Ново Лисиче, во Скопје, изведен денес, и научно ја потврди врвната асеизмичка стабилност и цврстина на елитните станбено-деловни објекти на „Адора Инженеринг“ во Скопје. Градежната компанија, која е прва и единствена што направи тест на сигурноста со „вештачко земјотрес“ на станбена зграда во самостојна Македонија во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија, проектот го реализира по повод 50 години од скопскиот земјотрес. На настанот присуствуваа Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претставници на ИЗИИС, инспекциски служби од подрачјето на Скопје, купувачи на станови во „Адора Инженеринг“, заинтересирани граѓани и голем број новинари и претставици на медиумите.

                                                          

            -На овој начин ја потврдивме гарантираната врвна безбедност на станарите во елитните станбени објекти, што 11 години ги гради „Адора Инженеринг“ во Македонија. Докажаната асеизмичка стабилност и цврстина на станбените објекти се должи  на употребата на најквалитетни градежни материјали и примената на  најсовремените стандарди, со 30 % повеќе железо и голема цврстина на бетон МБ 40. Поради тоа градбите на компанијата со висока геомеханичка стабилност од 100 мегапаскали, можат да издржат и јапонски земјотрес од големи размери, без жртви, на што се гордееме – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг.

                                                           

            -Елитниот станбен објект на „Адора Инженеринг“, со симулирани вибрации беше разнишан со јачина од 5,5 степени според Европската макросеизмичка скала, што сепак се разликува од природен земјотрес. Добиените резултати и фактот што вештачките потреси не предизвикаа никакви несакани последици, и тоа што тестирањето мина без ниту една пукнатина или оштетување на зградата, е потврда дека зградата издржа големи притисок и е асеизмички стабилна, како и другите станбени објекти на „Адора Инженеринг“. – изјави Михаил Гаревски, дир. на ИЗИИС, претседател на Македонската и Европската асоцијација на земјотресно инженерство.

                                    

Преку вибратори за вештачки вибрирања, по повеќе претходно  направени тестови и мерења на 100 мерни точки со стручни инструменти, присутните на 10-тиот кат на станбениот објект, реално почувствуваа тресење со „вештачки земјотрес“, што хоризотално ја разниша зградата, но не резултира со никакви  оштетувања на градежната конструкција. Според стручњаците на ИЗИИС, со ова уште еднаш, научно се потврди исклучителната асеизмичка стабилност, што е една од главните карактеристики на елитните станбени објекти на „Адора Инженеринг“, кои со ова  добија „асеизмички пасош“ што е особено важно за сигурноста и спокојниот сон на стотиците семејства кои живеат во станбените згради на оваа компанија во Скопје, Охрид и Струмица.

                                    

На настанот, ген. дир. на „Адора Инженеринг“ проф. д-р Ванчо Чифлигаец им додели пригодни признанија за добрата соработка на Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на директорот на ИЗИИС проф. д-р Михаил Гаревски и на проф. д-р Предраг Гавриловиќ, по повод 50 години од скопскиот земјотрес.

                                               „Адора Инженеринг“ деновиве започна со изградба на три нови елитни  станбени објекти во Скопје, во центарот на општина Аеродром, каде по најновите стандарди за квалитетно, асеизмично, модерно и економично домување, во енергетски ефикасни еко домови, ќе живеат 350 семејства. Потврда за врвниот квалитет на станбено-деловните објекти на „Адора Инженеринг“ се неодамнешниот избор на компанијата за единствен градежен супербренд во Македонија, наградата за Најеколошка компанија во Скопје во 2013 година и местото на градежен лидер во Македонија во 2012 година, според ранг листата на најуспешни компании од Централниот Регистар на Р. Македонија.

                                            

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ