СО 20.000 ГОСТИ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ ВОДИЦИ ВО ОХРИД

Со традиционалните православни христијански обичаи и масовна посетеност од околу 20.000 верници и гости, деновиве во Охрид-Балканскиот Ерусалим, беше прославен празникот Богојавление-Водици. Во чествувањата и годинава учество зеде генералниот директор на Адора Инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, кој во организација на Црвениот Крст-Охрид заедно со охридскиот градоначалник и кум на Водици 2014 д-р Никола Бакрачески им поделија хуманитарни пакети на социјалнмо најзагрозените семејства од Охрид.

Најсреќен меѓу 1000-те капачи на Водици во Охрид беше Петар Рупески од Варош, кој по втор пат го фати крстот во осветените езерски води на централната прослава на Богојавление на која присуствуваа и претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски, претседателот на собранието Трајко Велјановски и други претставници на јавниот живот.

 

 

На масовното капење во осветените води на Охридското Езеро на Водици и годинава по традиција учествуваа вработените во Адора Инженеринг кои организирано се искапија за здравје, среќа и бериќет.

 

Архива