Adora stanben kompleks Novo Lisice-Aerodrom-Skopje

ПУШТЕНИ СЕ ВО УПОТРЕБА СИСТЕМИТЕ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА И ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО ДЕЛ ОД НОВИТЕ ОБЈЕКТИ НА АДОРА ВО НОВО ЛИСИЧЕ-АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Адора Инженеринг ги информира станарите дека во петте нови елитни станбени објекти во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, пуштена е фекланата канализација, додека во објектите на ул. Февруарски поход бр. 8-Г.П. 3.7 и ул. Февруарски поход бр. 14-Г.П. 3.12. е пуштена и доводната водоводна инсталација. Денес треба да се пушти водоводниот систем и во станбените  објекти на ул. Февруарски поход бр. 10-Г.П. 3.9, на ул. Февруарски поход бр. 24-Г.П 3.17. и на ул. Февруарски поход бр. 26-Г.П. 3.18. Важна информација за станарите е дека водата не смеат да ја употребуваат за пиење, бидејќи е во тек нејзино хлорирање и микробиолошко испитување. Откако ќе се добијат резултатите од микробиолошките анализи, станарите ќе добијат известување дека ќе можат да ја употребуваат водата и за пиење. Водата во становите сега може да се употребува како техничка за сите други потреби, освен за пиење. Адора Инженеринг им благодари на станарите за трпението и ги информира дека веднаш штом ќе се добијат позитивните извештаи од микриобиолошките анализи, ќе ги извести дека таа ќе биде упореблива и за пиење.

Пуштени се во употреба канализацискиот и водоводниот систем во дел од објектите на Адора во Ново Лисиче-Аеродром-Скопје

Архива