IMG_9659

ЗАЕДНИЧКА РЕЛАКСАЦИЈА НА ЖЕНСКИОТ ТИМ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЗА ПОЕФЕКТИВНА РАБОТА

Во духот на популараниот „Team building“, женскиот дел од тимот на „Адора Инженеринг“, со заедничко дружење после работа, капење во рекреативен базен, релаксирачка масажа, пријатна музика и вкусно мезе, имаше прекрасен ден на базенот во резиденцијата „Адора“ во елитната населба  Црниче во Скопје. Женската екипа на Адора по пријатното, релаксирачко  и забавно дружење, освежена со нова енергија, продолжува со  секојдневните обврски во градежната компанија, каде е главен двигател на работата и успешниот развој. „Team building“, особено важен за развивање на заедничките колективни вредности во компанијата и тимската работа со користење на најдобрите поединечни способности, како основа на развојот, ќе прерасне во традиција во „Адора Инженеринг“, општествено одговорна компанија што континуирано се грижи за своите вработени.

Женскиот тим на „Адора Инженеринг“ на заедничко капење
Одмор и релаксирање на работниот тим во резиденцијата Адора-Црниче-Скопје
Рекреирање и полнење на „батериите“ во базенот Адора со панорама на цело Скопје
Архива