Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ЗА ПРИЈАТЕН · ЗДРАВ · УРБАН ЖИВОТ
Резиденцијалната вила „Адора“ - Црниче се наоѓа на исклучително атрактивна локација, на само 3 минути возење од централното подрачје на Скопје, во елитната населба Црниче, под зелените падини на Водно, со прекрасен панорамски поглед на македонската метропола. Објектот со два посебни влеза, две станбени целини и две дворни места, лоциран над црквата Света Петка, опкружен со природните убавини на Водно, со сопствена парк шума од 6.500 м² и луксузен покриен базен со рекреативен комплекс, нуди идеални услови за врвно интимно домување на чист воздух, во пријатен амбиент, далеку од градската врева, со лесна достапност на урбаниот живот во Скопје. Објектот на приземје, два ката и поткровје, располага со комфорни, пространи, комплетно модерно опремени апартмани за продавање и изнајмување, со поглед кон Водно од една страна и со поглед кон Скопје на дланка, од другата страна. Апартманите опколени со живописна цветна градина и густ зелен еко појас, нудат одличен тренди спој на урбан стил на живеење во близина на градскиот центар, бизнис зоната и крвотокот на сите случувања во Скопје и пријатно, релаксирано домување на воздух кој е со 10 ºC пониска температура од летните скопски жештини. Вилата „Адора“ во скопско Црниче, во еко домовите нуди идеална комбинација на лесно секојдневно функционирање за вработени, ученици, студенти и возрасни лица, како и за одмор, прошетки и рекреација во една од ретките чисти, зелени, природни урбани оази во метрополата.
ДОКАЖАНА СТАБИЛНОСТ · ВИСОК КВАЛИТЕТ · ЕКО КОМФОР
  • Врвна геомеханичка и сеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес, за безбедност и спокоен сон на станарите, што Адора инженеринг го практикува како прва компанија во Македонија.
  • Енергетски ефикасен објект со одлична термичка и звучна изолација, со најнови висококвалитени изолациони материјали од реномирани европски производители.
  • Модерна иновативна стаклена фасада со изобилство на природна светлина.
  • Прекрасен отворен панорамски поглед од каде Скопје се гледа како на дланка.
  • Поглед кон зелените падини на Водно со изобилство на чист и свеж воздух.
  • Идеални услови за лесно, функционално урбано домување во непосредна близина на строгиот центар на Скопје, на дофат на бизнисот, образовните и други институции во главниот град, поврзано со достапна инфраструктура.
  • Два засебни влеза во две станбени целини со сопствени дворни места и модерни лифтови
  • Пространи, функционални апартмани за комфорно, интимно, семејно домување, со современ дизајн, комплетно опремени по вкус и мерка на станарите.
  • Сопствени подземни и партер паркиралишта.
  • Ограден објект со контролиран влез, современи безбедностни системи и видео надзор.
  • Хортикултурно уредена околина, зелени еко појаси, цветна градина и зелена шума од 6.500 m².
  • Под падините на Водно, овозможува релаксирано еко домување, со одлични можности за рекреација во чиста, зелена, природна средина во централното подрачје на Скопје.
  • Нуди здраво зелено домување во чиста природа каде температурата на водухот е за 10 степени пониска од жешките летни температури во Скопје.
ДОМОВИ СО ИДЕАЛЕН СПОЈ НА УРБАНО · ЗДРАВО · РЕЛАКСИРАНО ЖИВЕЕЊЕ

Резиденцијалната вила „Адора“ во скопско Црниче располага со пространи, комплетно опремени апартмани со различна површина. Становите се со висок квалитет и комфор, модерен дизајн, врвни услови за интимно семејно домување, во мирна елитна област до централната зона на метрополата, во здрава зелена средина, со прекрасен поглед на Скопје и Водно, лесно достапни до урбаниот живот, опкружени со прекрасна чиста живописна природа, идеална за прошетки, рекреација и релаксација од секојдневниот стресен живот.

АПРАТМАНИ ЗА ПРОДАЖБА И ИЗНАЈМУВАЊЕ:

„Црниче1“ – Стан 8 со површина од 82 m²

„Црниче 1“ – Стан 4 / 6 со површина од 83 m²