Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Станбено деловни објекти

АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ЗА УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ И УСПЕШЕН БИЗНИС

 Елитниот станбено-деловен објект „Под Водно“ е лоциран во строгиот центар на Скопје, под падините на Водно, веднаш до МВР, на ул. Димче Мирчев бр. 20, во Општина Центар. Во непосредна близина на објектот се главниот градски плоштад, централната пешачка зона - улицата „Македонија“, урбаниот парк и паркот на новинарите, Мала станица, Музеј на град Скопје, Старата железничка станица, Основното училиште „Кочо Рацин“, познатите трговски центи Рамстор и Тинекс-Зебра, КАМ маркет и други институции и важни објекти во срцето на метрополата. Со прекрасниот панорамски поглед на Скопје, Водно и Милениумскиот крст, опкружен со природните убавини на Водно и со лесната достапност на многу институции и важни објекти во центарот на главниот град, објектот нуди одлични можности за модерен и спокоен урбан живот, за лесно секојдневно функционирање, како и за прошетки, рекреација и релаксација. Со атрактивната локација, квалитетот, содржините, можностите, сопствените паркиралишта и инфраструктурата, деловните простории во станбено-деловниот објект „Под Водно“ од 71 m², 73, 77, 79, 81, 93, 156 и 293 m², нудат идеални услови за развивање успешни бизнис приказни и водење дејности од различни сфери.

ВИСОК КВАЛИТЕТ – СТАБИЛНОСТ – КОМФОР ПО СОВРЕМЕНИ СТАНДАРДИ

  • Асеизмички конструктивен систем, геомеханичка стабилност до 100 Mpa, бонификација на тлото. Темелна плоча 95 cm, вграден бетон МБ: 39-50.
  • Функционално искористен станбен простор со модерен дизајн.
  • Енергетски ефикасен објект. Драстично намалени трошоци за греење и ладење.
  • Надворешни фасадни ѕидови-блок тула д=20 cm, термичка демит фасада со 8 cm неопор, графитен 25 kg/m³, коефициент на топлопроводливост Umax<0,4.
  • Кровна изолација-покривна плоча од 15 cm, со термичка изолација, хидроизолација и паропропусен, водонепропусен слој.
  • Фасадна столарија-ПВЦ профили, петкоморни, со три дихтунга, трислојно термопан стакло, надворешно К-четиорисезонско.
  • Фотоволтажни системи за заедничко осветлување, штедат енергија, без посебни сметки за струја.
  • Одлична звучна изолација потврдена со научно истражување од Градежниот факултет при УКИМ, Скопје, индекс на звучна пропустливост од 39 db на преграден ѕид.
  • Влез со просторија за домар, видео надзор, видеофонија, штедливи светилки на сензор. Влезна партија од мермер и гранит.
  • Скалишта со природно светло, електрични лифтови со автоматски лизгачки иноксни врати.
  • Влезни врати во стан-блиндор со сигурносна брава.
  • Паркет подови од полупарена бука, даб, бамбус. Прва класа керамички плочки од Шпанија, санитарии прва класа.
  • Модерни подземни паркиралишта со автоматска гаражна врата, далечинско управување и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

 

НЕМА СЛОБОДНИ СТАНОВИ – 100 % ПРОДАДЕНИ

  • Функционални станови со максимално искористен простор, по мерка на купувачите
  • Преградни сендвич ѕидови со термо блок и тервол, со одлична термичка и акустична изолација
  • Ентериер со одличен квалитет од увоз, модерен дизајн, блиндор врати, опремена бања
  • Влезови и ходници од мермер-гранит, модерни лифтови
  • Современи безбедносни системи, видео надзор

ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА УСПЕШЕН БИЗНИС И РАЗЛИЧНИ ДЕЈНОСТИ

Со атрактивната локација во строгиот центар на Скопје, близу главниот градски плоштад и многу значајни институции и објекти, благодарение на високиот, стандардизиран квалитет, комфор и можности, деловните простории во објектот „Под Водно“ нудат идеални услови за развој на успешни бизниси и за водење дејности од различни области.
Во објектот има деловни простории со квадратура: 71 m², 73 m², 77 m², 79 m², 81 m², 93 m², 156 m² и 293 m², со можност за спојување по потреба.
Станбено-деловниот објект „Под Водно“ има сопствени модерни паркиралишта за потребите на сопствениците на недвижности и клиентите.

prizemje- Pod Vodno