ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 Адора инженеринг дооел Скопје (во понатамошнито текст-Адора) во рамки на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата основна дејсност во доменот на градежништвото, трговија и услуги врши собирање, чување и обработка на личните податоци.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Адора е Контролор на лични податоци, а Субјектите на лични податоци се лица вработени или биле вработени, како и клиентите купувачи.

Процедурата ги опишува постапките за поднесување на барање од страна на субјектот на лични податоци за издавање на информации за обемот и целта на обработка на неговите лични податоци од страна на Адора , како и за промена, дополнување или бришење на дел од неговите лични податоци.

Запирање на обработка на лични податоци

Кога личните податоци се обработуваат со цел

  • ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС на службено овластување на Адора или на трето лице на кое му се откриени податоците или
  • Исполнување на легитимните интереси на Адора, трето лице или лице на кое податоците му се откириени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси.

Субјектот на лични податоци има право да побара запирање на обработката на неговите лични податоци.

Ако барањето е основано, Адора е должна да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.

За таа цел постои и образец, Барање за запирање на обработка на лични податоци.

Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до матичната единица (администрација деловно седиште , градилишта) во рамки на Адора , и истото потоа се проследува до офицерот за заштита на лични податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.

Измена, дополнување или бришење на личните податоци

По барање на субјектот на лични податоци или кога Адора ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби, тој е должен да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци.

Кога барањето доаѓа од определен субјект на лични податоци, тој тоа го документира на за таа цел посебен образец, Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на лични податоци _________објавено на страната на Адора

Субјектот на лични податоци може да го достави барањето до администрација на Адора нејзиното деловно седиште или на градилиште и потоа истото се проследува до Офицерот за заштита на лични податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.

За извршеното дополнување , измена или бришење на личните податоци, Адора е должна најдоцна во рок од 30 дена од денот на прием на барањето писмено да го извести субјектот на лични податоци , корисниците на личните податоци или трети лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок.

Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци

Прававата на субјектот на лични податоци утврдени во претходните точки можат да се ограничат во  посеби случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на обврските на Адора предвидени со закон и тоа:

  • За заштита на безбедноста и одбраната на државата;
  • Заради откривање и гонење на сторители на кривиччни дела;
  • Заради заштита од повреда на етички правила на одредена професија;
  • Заради заштита на важни економски или финансиски интереси на државата;
  • Заради заштита на важни економски или финансиски интереси на Европската унија и
  • Заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.

Адора нема да постапи по барањето за доставување на информации за обработка за личните податоци од страна на субјектот на личните податоци кога е овластен со закон и ако личните податоци се обработуваат исклучиво за остварување на дејноста која ја обавува  или ако се собрани исклучиво за утврдени статистички  цели во областа на градежништвото и да се чуваат за период што не го надминува периодот потребен .

Права на субјектот на личните податоци

Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци тој мора да биде информиран за:

  • Идентитетот на контролорот
  • Целите на обработка
  • Корисниците или категориите на корисници на лични податоци задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци
  • Можните последици ако се даде одговор , и
  • Постоење на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.

Кога податоците не се прибираат од субјектот на лични податоци, Адора во времето на евидентирање на личните податоци, а ако е предвидено личните податоци да бидат откиени на трето лице најдоцна до моментот кога податоците првпат се откирени, мора да се информира субјектот на лични податоци за:

  • Идентитетот на контролорот
  • Целите на обработка
  • Категории на податоци
  • Корисниците или категориите на корисници на личните податоци, и
  • Постоење на право на пристап и право на исправка на податоците што се однесуваат на субјектот на лични податоци

Адора нема обврска да го информира субјектот на лични податоци, за обработка на личните податоци за потребите на обавување на дејноста , историски, научни или статистички цели , ако:

  • Истот е невозможно или бара напор или трошоци или
  • Собирање односно откривање на личните податоци е утврдено со закон

                                     Барање на информации од страна на субјектот  

Субјектот на лични податоци може да побара од Адора да го информира :

  • Дали се врши обработка на неговите лични податоци
  • За целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци
  • За личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
  • За логиката на автоматизирана обработка , во случај на одлука донесена врз автоматска обработка која има влијание врз субјектот на лични податоци.

За таа цел постои образец , Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци(прилог 1) објавено на интернет страната на Адора.

Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето до администрацијата –деловно седиште на Адора и истот потоа се проследува до офицерот за заштита на лични податоци кој ги собира потребните информации за обработка на личните податоци на субјектот и доставува одговор на Барањето.

Адора е должна да одговори на уредно доставеното барање од страна на субјектот на лични податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на истото.

Доколку Адора еднаш одговорила на ваквото барање од страна на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на истото или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.