НОВО ЛИСИЧЕ

ПОНУДА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ ЗА ПРОДАЖБА
ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ
ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ – А КЛАСА ДЕЛОВНА ЗГРАДА ТАФТАЛИЏЕ
А КЛАСА ДЕЛОВНА ЗГРАДА ТАФТАЛИЏЕ
Атрактивна А класа деловна зграда во срцето на Тафталиџе, Општина Карпош – Скопје со модерни деловни простории од 1.811 m².
Деловната зграда на докажаниот бренд Адора се наоѓа на исклучително добра локација на само 1 минута пеш од Сити мол Скопје, на фрекфентната улица „Лондонска“ бр. 8, со развиена инфраструктура, достапна со градски превоз, во единствената градска зона со слободно-бесплатно паркирање. Зградата е сместена во опкружување со реномирани објекти, меѓу кои се познатите интернационални училишта НОВА, ЈАХЈА КЕМАЛ, Американското училиште, гимназијата КОМЕНСКИ, во близина е ФОРЦА Спортски центар, странски резиденции и познати трговски синџири.
По пронаоѓањето на закупувач на деловната зграда, Адора е подготвена за 120 дена комплетно да го реконструира објектот, кој со новопроектираната состојба комплетно ќе ги задоволи потребите и барањата на закупувачот.
Деловната А класа зграда Тафталиџе како целина располага со деловен простор со вкупна површина од 1.811 m² и дворно место од 1.000 m², со голем број сопствени паркиралишта.
Објектот на четири нивоа, е достапен за разгледување од страна на заинтересираните закупувачи, а продажниот сектор на Адора е отворен за информации и договор за сите аспекти на закупувањето.
А класа деловната зграда Тафталиџе ќе биде обезбедена со сите најсовремени стандарди и најквалитетни услови за работа и развој на деловни субјекти од различни области, бизнис компании и современи дејности.
АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ЗА УСПЕШНИ ДЕЈНОСТИ И БИЗНИСИ
А класа деловната зграда Тафталиџе се наоѓа на исклучително атрактивна локација во популарната урбана зона Тафталиџе, во срцето на Општина Карпош, западниот дел на главниот град Скопје.
Сместена на една од главните и инфраструктурно најдобро поврзани сообраќајници, улица „Лондонска“ бр 8, деловната зграда на Адора е на идеална локација за развој на успешни бизниси и деловни активности од најразлични области. Деловната зграда се наоѓа на 3 km, односно 5 минути возење од строгиот центар на Скопје, на само 1 минута пеш од познатиот Сити мол, меѓу две најфрекфентни сообраќајници во македонската метропола: булевар „Партизански Одреди“ и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Зградата е лесно достапна пеш, со градски превоз и располага со голем број беспалтни паркинг места околу неа.
Посебна атрактивност на локацијата на деловната зграда ù дава централната позиционираност во густо населена градска зона, со интернационалните училишта НОВА, ЈАХЈА КЕМАЛ, Американското училиште, гимназијата КОМЕНСКИ, ФОРЦА Спортскиот центар, дипломатски претставништва и странски резиденции, училишта, градинки и други институции, познатите трговски центри Рамстор, КАМ, КИТ ГО, Стокомак и други деловни, трговски и услужни дејности.
Одличната локација, пространиот, комфорен деловен објект со софистицирани, модерни дизајнерски решенија на просторот, повеќето опции за изнајмување на канцелариските простории, уредени според желбите и потребите на клиентите, квалитетните, современи стандарди за работење и големиот број сопствени паркинг места, нудат најповолни можности за почеток и развој на дејности од сите сфери.
Локација: ул. „Лондонска“ бр. 8.Тафталиџе, Карпош, Скопје
Модерни деловни простории со вкупна површина 1.811 m²
Сопствено дворно место од 1.000 m²
Голем број паркиралишта
Со имотен лист
Можни опции за закупување на деловен простор
Поединечни, поделени, помали работни единици со различна квадратура




Океански канцеларии со поголема квадратура и максимална искористеност на просторот




Дизајнерско-архитектонскиот тим на Адора изработи неколку предлози за идниот реконструиран изглед на деловната зграда Тафталиџе. Проектот зрачи со едностевен, топол дизајн на надворешноста, исполнет со модерна функционалност и релаксираност во внатрешноста.
Концепт екстериер на А класа деловна зграда Тафталиџе


Концепт ентериер на А класа деловна зграда Тафталиџе










