ВИЛА „АДОРА“ ЦРНИЧЕ - СКОПЈЕ

Урбана зелена оаза за здраво и релаксирано домување

АПРАТМАНИ ЗА ПРОДАЖБА И ИЗНАЈМУВАЊЕ

Во резиденцијалната елитна вила „Адора“ Црниче-Скопје, има слободни за продажба или изнајмување, уште два ( 2 ) апартмани, со поединечна површина од 82 m².


Двата апартмани се во ист објект, еден е на први кат, а другиот е на втори кат, двата имаат јужна ориентација, со отворен поглед кон зелените падини на Водно.
Апартманите располагаат со комотен дневен престој, кујна и трпезарија, две слапни соби, две бањи и тераса од 7 m². Тие се комплетно, модерно опремени, со обезбеден приватен паркинг простор и сопствен лифт до домот.
Дополнителна вредност на вилата „Адора“ е нејзината близина до централното урбано подрачје на Скопје од една страна и сопствената околна густа парк шума која се протега на 6.500 m², од друга страна. Оваа ретка зелена оаза во метрополата нуди идеален спој на спокојно, урбано живеење далеку од градската врева, лесно секојдневно функционирање на само 3 минути возење од центарот на Скопје и одлични услови за рекреација и релаксација во чиста природа.

Резиденцијалната вила „Адора“ e на атрактивна локација, на само 3 минути возење од централната зона на Скопје, во елитната населба Црниче, под зелените падини на Водно, со прекрасен панорамски поглед кон главниот град. Објектот има два посебни влеза, две станбени целини и две дворни места, лоциран над црквата Света Петка, опкружен со сопствена парк шума од 6.500 м². Апартманите нудат идеални услови за интимно домување на чист воздух, во пријатен амбиент, далеку од градската врева, со лесна и брза достапност на урбаниот живот во централната зона на Скопје.
Објектот на приземје, два ката и поткровје, располага со два ( 2 ) слободни, комфорни, модерни апартмани од 83 m², комплетно опремени, за продавање и изнајмување.
Апартманите, опколени со живописна цветна градина и густ зелен еко појас, нудат уникатен спој на урбан стил на живеење во близина на строгиот центар на Скопје и мирно, пријатно, релаксирано домување, со 10 ˚C пониска температура од скопските жештини, во лето. Апартманите во вилата „Адора“ во Црниче-Скопје се погодни за лесно секојдневно функционирање за вработени, ученици и студенти, како и за одмор, прошетки и рекреација во една од ретките чисти, зелени, природни урбани оази во метрополата, надвор од стресното секојдневие.

ВИСОК КВАЛИТЕТ · СТАБИЛНОСТ · ЗДРАВО И РЕЛАКСИРАНО ДОМУВАЊЕ

  • Врвна геомеханичка и сеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес, за безбедност и спокоен сон на станарите.
  • Енергетски ефикасен објект со одлична термичка и звучна изолација.
  • Модерна, иновативна, стаклена фасада со изобилство на природна светлина.
  • Прекрасен отворен панорамски поглед од каде Скопје се гледа како на дланка.
  • Поглед кон зелените падини на Водно со изобилство на чист и свеж воздух.
  • Идеални услови за лесно и функционално, урбано домување, со добра инфраструктура.
  • Два засебни влеза во две станбени целини, со сопствени дворни места и модерни лифтови.
  • Пространи, функционални, комплетно опремени апартмани за комфорно, модерно, интимно домување.
  • Сопствени подземни и партер паркиралишта.
  • Ограден објект со контролиран влез, современи безбедносни системи и видео надзор.
  • Хортикултурно уредена околина со цветна градина и зелена шума од 6.500 m².
  • Под падините на Водно, нуди релаксирано домување, со одлични можности за рекреација во чиста, зелена, природна средина во централното подрачје на Скопје.

Стан тип А4

Стан тип А6

Локација: ул. Благоја Гојан бр. 13 Кисела Вода – Скопје
Станови за продажба и закуп: 83 m²
Сопствени модерни паркиралишта
Со имотен лист!