Најновиот, иновативен градежен проект на брендот Адора се реализира во срцето на најпопуларниот српски планински туристички центар, на прекрасниот Златибор.
„21 st Century Zlatibor residence, spa & wellness by Adora“ е комплекс за одмор, домување и издавање, кој со префинето осмислената екстериерна и ентериерна архитектура и дизајн, хармонично се вклопува во зелениот амбиент и недопрената природа. Нашиот прв градежен проект во Србија, во кој е вградено 20 годишното неимарско искуство, бизнис сенс и остроумност на Адора, е уникатен концепт за создавање на апсолутно најдобрата дестинација за планински хедонизам на Златибор, преку профитабилен модел кој на купувачите на апартманите им ги враќа инвестираните пари.
Комплексот на Златибор го гради компанијата Adora Living Solution, која ја претставува Adora Business Group во Србија, а компанијата Adora Hospitality Group ќе се грижи за тековно одржување и сервисирање на целиот комплекс и апартманите, како и за нивно издавање во име и во корист на сопствениците, кога тие нема да се одмораат во нив и сакаат да остварат солиден профит.
Дополнителна предност е можноста купувачите на апартманите да изберат една од понудените линии за дизајн и за комплетно опремување на ентериерот на својот апартман, „Modern“, „Contemporary“ и „21st Century Zlatibor Signature collection“, со што се обезбедува унифициран изглед на внатрешното уредување на хотелско – резиденцијалниот комплекс.