АКТУЕЛНИ ОБЈЕКТИ

„АЕРОДРОМ ЦРКВА 3“

  • Локација: Методија Шаторов Шарло бр. 26, Аеродром, Скопје
  • Продадени сите станови
  • Модерни паркиралишна на 2 подземни нивоа и партер
  • Лист за предбележување

 Модерниот станбен објект „Аеродром Црква 3“ на ул. Методија Шаторов Шарло бр. 26, општина Аеродром Скопје, името го доби поради непосредната близина на православната црква Свети Илија. Објектот е дел од комплексот со осум згради кои Адора инженеринг ги подигна во периодот од 2013 до 2019 година во срцето на општина Аеродром, во близина на булеварот Јане Сандански и меѓународната автобуска и железничка станица во Скопје. Во близина на објектот се и поликлиниката Јане Сандански, детски градинки, училишта, универзитети, банки, трговски центри и други институции. „Аеродром Црква 3“ е на атрактивна локација, на само дест минути одење пеш од строгиот центар и главниот плоштад во македонската метропола. Зградата на десет ката, со два влеза, има 174 продадени, висококвалитетни станови со квадратура од 23 m² до 72 m². Објектот е со вкупна изградена површина од 10. 600 m² и располага со повеќе од 150 сопствени паркиралишта, на партер и на две подземни нивоа.
 Гарантирана стабилност и врвен квалитет по најнови стандарди
 Во „Аеродром Црква 3“ се вградени 8.188 m³ m³ бетон и 908 тони железо, што со темелната плоча од 110 cm e гаранција за неговата врвна геомеханичка и сеизмичка стабилност. Објектот има енергетски сертификат А-класа со показател од 19,33 kWh/m²a, речиси за 6 мерни единици над горната пропишана граница, што е потврда за неговата економичност со неколкукратно намалени трошоци за греење и ладење и за заштита од еко загадување. За подобрување на звучната изолација, Адора инженеринг специјално за овој објект креираше нов состав на сендвич ѕид меѓу два соседни стана и стан и ходник. Проверката од страна на лабораторијата Амбикон на Факултетот за природни и технички науки, при универзитетот Гоце Делчев, Штип покажаа вредност на воздушната изолација од R`=54,1 (dB) и вредност на нормализирано ниво на ударен звучен притисок од L’n = 56,5 – 57,5 (dB) за ударна звучна изолација. Добиените вредносни параметри ги задоволуваат и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбени објекти.

 Во секој влез на објектот има по два модерни, висококвалитетни лифтови, кои овозможуваат брз, безбеден и удобен проток на луѓе до домовите. Во ентериерот на објектот, коридорите и заедничките простории се обложени со гранит и ќерамика, што создава пријатен амбиент во кој се движат станарите од влезот до домот. Домовите имаат модерен дизајн, со максимално, функционално искористен станбен простор, по мерка на купувачите, со изобилство природна светлина.
 Внатрешниот комфор во „Аеродром Црква 3“ надвор е дополнет со пријатно уредена околина, убаво оградена, со хортикултурно оплеменет парк за одмор, со над 80 дрвја и повеќе зеленило од пропишаното.
 Станбениот обејкт „Аеродром Црква 3“ е во завршна фаза на реализација и тој ќе биде предаден на станарите во 2019 година.