АКТУЕЛНИ ОБЈЕКТИ

ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА „ВТОРА МЛАДОСТ“ ИЛИНДЕН – СКОПЈЕ

  • Локација: Општина Илинден, непосредно до Скопје
  • Комплекс за сместување, нега и рекреација на возрасни лица
  • Одобрение за градба

Хуман бизнис

Во духот на корпоративната општествена одговорност, со цел да го збогати делувањето со хуман бизнис, Адора инженеринг реализира проект за изградба на Дом за сместување и нега на стари лица „Втора младост“ во Општина Илинден, веднаш до македонската метропола Скопје. Комплексот се гради на атрактивна локација во срцето на модерната општина Илинден, покрај главната сообраќајница, со пристап до развиена инфраструктура, непосредно до главниот град Скопје.

Целта е регионот на Балканот да го добие најдобриот и најмодерниот дом за згрижување, нега и достоинствена старост на возрасни лица, со висок квалитет, по современите европски стандарди.

Комплекс за сместување, нега и рекреација на возрасни лица

Домот за стари лица се гради на парцела од 30.000 м², во еколошки чиста средина, со сместувачки капацитет за над 200 лица, за кои ќе се грижи стручен персонал од околу 60 вработени. Објектот е проектиран на приземје и пет ката, со дел за домување, заеднички простории, простории за лекување и нега, ресторан, кујна, тераси и придружни содржини. Капациетот ќе понуди комфорно сместување и соодветна грижа со најсовремени услови за удобно живеење, медицински услуги и здравствена заштита, за исхрана, рекреација, спорт, забава и релаксација. Комплексот „Втора младост“, осмислен според најсовремените европски стандарди, со ангажман на стручен персонал со врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници, на највозрасните граѓани ќе им понуди одлични услови за сместување, нега, релаксација, хумано живеење и Комплексот ќе има хортикултурно оплеменета и концептуално осмислена околина, со содржини за сместување, рекреација, спортски терени и различни услужни дејности, за забава и другарување на лицата од домот, нивните посетители и гости.
Проектот, според планот треба да заврши во 2020 година.

Квалитет по современи европски стандарди:

  • Врвна геомеханичка и асеизмичка стабилност од 60 до 80 MPa, докажана со вештачки земјотрес
  • Армирано-бетонски конструктивен систем, цврстина на бетон од 35 до 50 МБ
  • Сертифицирана енергетска ефикасност со повеќекратна заштеда на енергија за греење и ладење
  • Одлична термо и хидро изолација и одлична звучна изолација според највисоките меѓународни стандарди
  • Модерно опремен ентериер и внимателно осмислени содржини за конфорно сместување, здравствена заштита, нега, рехабилитација, исхрана, рекреација и релаксација, според најновите светски трендови и современи стандарди
  • Модерни лифтови
  • Уредена околина, хортикултурно оплеменет простор
  • Спортски терени за рекреација
  • Достапни различни услужни дејности
  • Современи безбедносни системи и видео надзор
  • Модерни паркиралишта на партер