ДОМ ЗА СТАРИ

АКТУЕЛНИ ПРОЕКТИ
ДОМ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ИЛИНДЕН - СКОПЈЕ
Локација: Општина Илинден, непосредно до Скопје
Комплекс за сместување, нега и рекреација на возрасни лица
Одобрение за градба
Хуман бизнис
ДОМ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА ИЛИНДЕН - СКОПЈЕ
Во духот на корпоративната општествена одговорност, со цел да го збогати делувањето во градежниот сектор со хуман бизнис, Адора реализира проект за изградба на комплекс за сместување, нега и рекреација на стари лица во Општина Илинден, веднаш до македонската метропола Скопје. Комплексот се гради на атрактивна локација од 30.000 m² во еколошки чиста и мирна средина во срцето на модерната општина Илинден. Локацијата која е лесно пристапна поради близината на главните сообраќајници и развиената инфраструктура е непосредно до Скопје, главниот град на Македонија.
Целта е Македонија и Балканот да го добијат најдобриот, најубавиот и најмодерниот дом за згрижување, нега и достоинствена долговечна старост на возрасните лица, со висок квалитет на сместување и врвни услуги по современите европски стандарди за овој вид установи.

АКТУЕЛНИ ПРОЕКТИ
Комплекс за сместување, нега и рекреација на возрасни лица
Домот за стари лица Илинден, до Скопје, располага со сместувачки капацитет за над 200 лица, за кои ќе се грижи стручен персонал од околу 60 вработени. Објектот е проектиран на приземје и пет ката, со дел за домување и заеднички простории за лекување, нега и рехабилитација, ресторан, кујна, тераси и придружни содржини. Капациетот ќе понуди комфорно сместување и соодветна грижа со најсовремени услови за удобно живеење, медицински услуги и здравствена заштита, исхрана, рекреација, спорт, забава и релаксација. Комплексот, осмислен според најсовремените европски стандарди и персонал со врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници, на највозрасните граѓани ќе им овозможи одлични услови за долго, безгрижно и хумано живеење.
Домот за стари лица е со хортикултурно оплеменета и концептуално креирана околина, со содржини за рекреација, спортски терени и различни услужни дејности, за прошетки, одмор, забава и другарување на лицата во домот со нивните посетители и гости. Комплексот за стари лица е изграден по универзална, докажана, стандардизирана методологија за висококвалитетна, стабилна, современа и внимателно осмислена градба на брендот Адора.
