ЦРКВА 3
Комплекс Адора – Општина Аеродром
Лоциран е на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 26 во срцето на општина Аеродром, до православниот храм Свети Илија, меѓународната автобуска и железничка станица, само 10 минути пеш од главниот плоштад во Скопје. Станбениот објект на 10 ката со 2 влеза, има вкупна изградена површина од 10.900 m², 174 висококвалитетни, функционални станови и сопствени паркиралишта, хортикултурно уредена околина со тревен парк, дрвја и клупи за одмор. Енергетски ефикасниот објект А класа, што е завршен со изградба во октомври 2019 година, е награден за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом заштитен од бучава“.