АДОРА DIAMOND GARDEN

Најголемата внатрешна градина за домување во Европа

Дијамантската градина на Адора е на атрактивна урбана локација, во популарното Тафталиџе, општина Карпош, Скопје, на ул. „Московска“ бр. 17 А. Станбено-деловен објект кој со 5,5 тони растенија е прогласен за најголема внатрешна градина за домување во Европа, е до главните сообраќајни артерии во Скопје, образовни, спортски установи, зелен пазар, угостителски и трговски објекти. Тој нуди отворен поглед и свеж воздух од Водно, Шар Планина, Скопска Црна Гора и реката Вардар и е идеално место за зелено, интимно домување и за водење успешни бизниси.

Карактеристики

Објектот на десет ката е со вкупна изградена површина од 12.600 m². Во двата влеза има по два брзи, бесшумни лифтови, 136 модерни функционални домови со квадратура од 30 m² до 165 m², луксузни пентхауси на највисокиот кат и сопствени паркиралишта на подземно ниво и на партер. Особено атрактивни се становите на аглите на зградата, со стаклена структурална фасада, што со зелените стаклени огради на терасите и стаклените детали на кровот му даваат посебна архитектонска орнаментика и силен идентитетски печат на ова здание.
Средишниот дел на ентериерот е збогатен со два атриуми, внатрешни дворови со стаклен покрив и отворен поглед кон небото, низ кои зрачи природна светлина и циркулира свеж воздух. Двата атриуми низ целата висина, се оплеменети со 5,5 тони различни видови растенија од природно потекло.
Во влезот на објектот има домарска служба со приемна рецепција, која е 24 часа на услуга на станарите и посетителите.

Дијамантската градина на Адора започна со изградба во септември 2016 година. Вратите за првите жители, комплексот ги отвори на 28 август 2018 година, кога на 16 роденден на Адора инженеринг, објектот беше свечено отворен.

Прв објект со Boutique концепт на домување во Југоисточна Европа

Својот 16 роденден Адора инженеринг го одбележа со уште еден голем успех, отворајќи ја првата Дијамантска градина за зелено домување во Скопје и Македонија. Истовремено, овој ексклузивен станбено-деловен објект ја доби престижната интернационална награда од Светската маркетинг организација за воведување на Boutique концептот на домување во Југоисточна Европа, со што во регионот го донесе најновиот стил во архитектура и недвижностите на глобално ниво. Со структура инспирирана од зелено-синиот колорит на благородниот смарагд и дијамант, во духот на растечкиот тренд на зелените домови и зелените градови, создадена е урбана оаза за интимно, зелено домување во објектот Адора Diamond Garden, што зрачи со посебна архитектура и дизајн, уникатно на овие простори.

Ексклузивни деловни простории

На приземниот дел во објектот Diamond Garden by Adora има ексклузивни деловни простории каде егзистираат комерцијални единици кои се на услуга на станарите и околните жители, внесувајќи нова понуда во овој дел на Скопје.
За потребите на клиентите има обезбедено сопствени паркиралишта на партер околу објектот, кој има развиена сообраќајна инфраструктура, добра поврзаност и лесна достапност со возила, јавен превоз и пеш.
Со атрактивната локација, високиот квалитет и одличните услови, деловните простории во Дијамантската градина на Адора се погодни за развивање на успешни бизниси и различни дејности.

Екстериер со грациозност на дијамантот

Надворешната архитектура на Дијамантската градина на Адора ги донесе последните трендови на урбаната светска архитектура во Скопје. Инспириран од структурата, боите и транспарентноста на скапоцениот дијамант и благородниот смарагд, објектот зрачи со симболиката на нескршливост и трајност, синоним за стабилноста на домовите, еден од главните елементи во имиџот на Адора инженеринг. Зелено-сините нијанси и декоративни елементи, на надворешноста на зградата ù даваат посебна елеганција и грациозност, што е во идеална симбиоза со внатрешната зелена градина. Со пријатен, ненаметлив изглед, одлично вклопен во околината, со урбаната опрема, симболите и зелени садници во дворот, Адора Diamond Garden донесе нов, boutique концепт на недвижности на овие простори, каде чувството на дом почнува уште од надворешноста на објектот. Подигнувајќи ги стандардите на домувањето на повисоко, европско ниво, овој објект стави силен идентитетски печат и препознатлив урбан израз во современо Скопје, драстично одвојувајќи се од вообичаениот концепт на домување на овие простори.

Ентериер – Зелена урбана оаза за домување

Првиот чекор во објектот Diamond Garden by Adora Ви дава чувство дека сте влегле во вистинска внатрешна природна градина. Малото „растително кралство“ од дрвца со зелени, црвени и други бои и нијанси, пригодно декорирани, распослано на сите катови и холови и мовта на ѕидовите на атриумите, нуди единствена глетка што ги разнежува и исполнува сите сетила.
Сите растенија во оваа урбана оаза се со 100 % природно потекло, презервирани со единствен, целосно еколошки процес за одржување на свежината, бојата, текстурата и еластичноста на дрвјата и флората повеќе години. Жителите и посетителите на комплексот имаат единствена можност да уживаат во својот дом, каде во високоразвиена урбана средина, природата е вселена во уникатно декориран амбиент во нивното живеалиште.
Дијамантска градина на Адора е надополнета со низа внимателно осмислени содржини за одмор и дружење на станарите и посетителите, почнувајќи од влезното фоаје. Ентериерот е со индустриски стил, со бројни бренд симболи, уникатно осмислени до најситните детали, во духот на структурата на дијамантот, смарагдот, дрвото, иноксот, кородираниот челик, со префинет, модерен дизајн.

Детско забавно катче

Посебен белег во внатрешноста на Дијамантската градина на Адора му дава внимателно осмисленото детско катче за другарување, игра, забава и рекреација на најмладите станари. Просторот за децата е сместен во еден од атриумите на зградата, кој зрачи со зелените нијанси на мовта од внатрешните ѕидови и растителната градина која се протега низ целата висина сè до кровот на објектот. Амбиентално осветлено, детското катче со модерниот стил и специјално дизајнирана урбана опрема, на младите и возрасните жители, им нуди спокој, релаксација и оддишка од динамиката и стресот на секојдневието.

Награди

Објектот е добитник на две интернационални награди: The Bizz 2016, Монте Карло, Монако, за исклучителна иновативност во стилот и квалитетот на домувањето од Светска бизнис конфедерација и златен медал за воведување на Boutique концептот во домувањето во Југоисточна Европа од Светската маркетинг организација, 2018, Амстердам, Холандија. Дијамантската градина на Адора е добитник и на осмата национална награда од минситерството за економија за долгорочниот проект за воведување и усовршување на зелените, енергетски ефикасни домови.