



ИЗГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО СЕЛО ЉУБИШ-ЗЛАТИБОР-СРБИЈА
Партнерски проект со Фондацијата Новак Ѓоковиќ за поддршка на образованието на најмладите
Адора Бизнис Групацијата, преку партнерство на Фондациите Новак Ѓоковиќ и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во 2021 година реализира заедничка хумана мисија за изградба на комплетно опремена, современа детска градинка за најмладите жители на село Љубиш, во непосредна близина на планинскиот центар Златибор, Србија. Новата градинка која е во рурална средина во општина Чајетина, е дел од проектот на Фондацијата Ѓоковиќ за развој на помалите места, со цел да се мотивираат луѓето да не се отселуваат од своите огништа. Градинката во Љубиш е 46-та новоотворена детска градинка, чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини, да учат, да играат и да се развиваат во безбедна, адекватна и креативна средина. Светскиот рекет број 1 Новак и Јелена Ѓоковиќ на чинот на отворањето на градинката, му врачија благодарница за соработката на топ менаџментот на Адора. Првите луѓе на Адора на најмладите генерации во Љубиш им порачаа дека е огромна чест да се соработува со фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а задоволството што преку оваа заедничка мисија им се овозможува посреќно детство и подобро образование на децата, како клучен фактор за подобро утре и попросперитетна иднина, се неизмерни.
Преку соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ја продолжуваат општествено одговорната традиција и корпоративната филозофија секогаш да возвраќаат нешто во средините во кои имаат деловни активности, да го споделуваат успехот со населението и да помагаат за поквалитен и посреќен живот на локалната заедница. Дваесетгодишната филантропска мисија на Адора продолжува во Србија, каде преку новоформирата компанија, Adora Living Solutions, нејзин претставник на српскиот пазар, македонскиот бренд со интернационално реноме, го гради иновативниот резиденцијално-хотелски комплекс од 7.000 m², 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, во прекрасниот туристички центар Златибор.