image-0-02-01-9efb4e5024a8c9ace59cac8ef1311744917ac2c3a51fa62f2373a4f97749f125-V

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО ПОМОШ ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Со ангажирање на дел од градежната механизација за расчистување на поплавените подрачја и донации за настраданото население, Адора инженеринг помага во санирање на штетите од големото невреме во скопскиот регион. Компанијата со багер меѓу првите се вклучи и неколку дена работеше на  расчистување на каналите во општина Илинден, подели повеќе пакети со гумени чизми и памперс пелени во настраданите подрачја и уплати парични средства за хумани цели во Фондот за солидарност на Црвениот крст. Екипа на компанијата ги посети семејствата на петмината вработени кои живеат во поплавените подрачја на Стајковци и Црешово, на кои ќе им помогне во санирање на штетите од невремето.

image-0-02-01-9efb4e5024a8c9ace59cac8ef1311744917ac2c3a51fa62f2373a4f97749f125-V

Архива