НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг со реформски предлог мерки до владата за подобрување на деловниот амбиент

Адора инженеринг со реформски предлог мерки до владата за подобрување на деловниот амбиент

deloven-pojadok-ssk-2 Градежната компанија Адора инженеринг поднесе повеќе предлог мерки до владата и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за подобрување на бизнис климата. Генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој заедно со претставниците на градежните компании учествуваше на деловниот појадок со премиерот Зоран Заев и владините министри, организиран од Сојузот на стопански комори, на заедничка маса во директна комуникација со министерот за транспорт и врски Сугарески, отворија повеќе прашања важни за градежниот сектор. Директорот Чифлиганец во непосреден разговор со министерот Сугарески истакна дека градежниот сектор треба да остане двигател на македонската економија и дека тоа може да се постигне со заедничка соработка меѓу бизнисот, владата и институциите. Тој потенцира дека преку растот на градежниот сектор се развиваат голем број комплементарни дејности со кои заедно се движи економскиот напредок, што е цел и на бизнис секторот и на владата. Адора инженеринг предложи конкретни измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за катастар, Законот за јавни набавки кои ќе им ги олеснат процедурите на градежните компании. Во име на бизнис секторот Сојузот на стопански комори на деловниот појадок од владата побара реформа на инспекциските служби, сузбивање на сивата економија и активно учество на деловната заедница во креирањето на економските политики. Премиерот Заев, порача дека владиниот тим е отворен за соработка и сака да ги слушне барањата, сугестиите и предлозите на бизнис заедницата.   deloven-pojadok-ssk 1   2

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ