НОВОСТИ

НОВОСТИ

„АЕРОДРОМ ПАРК 2“ СО ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА И ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ГРЕЕЊЕ

„АЕРОДРОМ ПАРК 2“ СО ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА И ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ГРЕЕЊЕ

Станбениот објект „Аеродром Парк 2“ доби А-класа сертификат за енергетски карактеристики на згради, од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ, како официјален документ за потврда на ниската потрошувачка на енергија. Според показателите во овој објект,  за греење на годишно ниво е потребна енергија од 20,35 kWc/m²a, што е забележително помалку од 25 kWc/m²a, горната граница за енергетската А-класа. Освен неколкукратно намалената потрошувачка на енергија за греење, што се должи на одличната термоизолација на објектот, употребата на најнови материјали од реномирани светски производители и примената на современите стандарди и технологии, намалената потрошувачка на примарната  енергија резултира и со намалена емисија на CO₂ во воздухот, што има големо значење за заштита на животната средина и поздраво домување. Енергетскиот пасош А-класа за објектот „Аеродром Парк 2“ е петти сертификат за енергетски карактеристики на згради А-класа што го доби градежниот бренд Адора инженеринг, пионер во изградбата и постојаното унапредување на еко домовите во Македонија, за што компанијата досега има добиено пет национални награди за најдобри општествено одговорни практики во 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година, како и наградата за најеколошка компанија. Неколку пати намалената потрошувачка на енергија во објектите на Адора инженеринг, што на станарите долгорочно ќе им заштедува трошоци за греење има особено значење во време на зимската грејна сезона и оптоварен семеен буџет, за граѓаните со македонски економски стандард. Изградениот објект „Аеродром Парк 2“ е дел од новиот станбено-деловен комплекс кој Адора инженеринг го гради на почетокот на модерната општина Аеродром, на само 10 минути пеш од строгиот центар на Скопје, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, до развиена инфраструктура и многу значајни установи за лесно урбано живеење, со разновидна понуда на станови и деловни простории, за кои има голем интерес од страна на купувачите. DSCN0655 (3) Energetski pasos Park 2 Mapa Aerdrom  

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ