ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 4 ДОМАЌИНИ-ДОМАРИ ВО АДОРА DIAMOND GARDEN

Адора инженеринг има потреба од ангажман на четири ( 4 ) домаќини – домари во новиот атрактивен станбено-деловен објект Адора Diamond Garden во скопски Карпош-Тафталиџе,  кои со работа ќе започнат на 15 јули 2018 година.
Кандидатите за работната позиција домаќин-домар треба да имаат завршено минимум средно образование, да имаат претходно работно искуство, основни познавања од работа со компјутери и англиски јазик и познавње на работа со надзорни системи.
Домаќините ќе се грижат за тековно одржување на објектот Адора Diamond Garden и за заедничките простории, а по потреба ќе треба да прават и ситни поправки. Кандидатите треба да поседуваат организациски способности, да се комуникативни и флексибилни, подготвени да ги услужат и да им помогнат на станарите и на посетителите на објектот во доменот на нивните овластувања.
Заинтересираните кандидати за работното место домаќин-домар, треба до први ( 1 ) јули 2018, да достават кратка биографија (CV) со фотографија, по меил пошта на: servis@adora.com.mk, по што ќе бидат контактирани за реализација на интервју.
Искористете ја можноста да остварете успешна кариера во Адора инженеринг, водечка  компанија во високоградбата во Македонија.