НОВОСТИ

НОВОСТИ

ОСМОМАРТОВСКА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ДАМИ ВГРАДЕНИ ВО АДОРА

ОСМОМАРТОВСКА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ДАМИ ВГРАДЕНИ ВО АДОРА

Меѓународниот ден на жената, 8 Март е добар повод, со празничната честитка за сите дами, топ менаџментот на Адора да им изрази благодарност на своите дами, кои изминатите 22 години придонеле за растот на групацијата и се вградиле во нејзните дејности и успеси.

Препознатлив печат и силен женски претприемнички дух на Адора и даваат извршната директорка д-р Драгана Д. Чифлиганец, која раководи со комплетно женскиот тим во секторот за продажба. Архитектките се значаен дел од проектантското биро Адора, што има исцртано над 3.000 домови. Цврста женска рака 22 години раководи со секторот за инвестиции и комерција, искусни дами го водат правниот сектор со илјадници изготвени купопродажни договори, финансиите се потпираат на вредна дама, секторот за односи со јавност и маркетингот е со силен женски тим. Дама-социјален работник е интензивно вклучена во завршните подготовки на домот за стари лица…

Добар дел од вработените во Адора се жени, во менаџерскиот тим се вредни дами, а специјалистот по фармација Данка Чифлиганец е основоложничка на приватниот бизнис Адора фармација во 1992 година, што подоцна во 2002 година се основа како Адора инженеринг од страна на главниот визионер проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Денес Адора се занимава со два чувствителни бизниса кои се регулирани од институциите на државата, финансискиот и енергетскиот сектор, давајќи придонес за стабилноста и развојот на овие дејности во Македонија.

Искрени осмомартовски честитки за сите овие прекрасни дами, кои заедно со вредните раце на посилниот пол, го изградија автентичниот корпоративен мозаик Адора, кој денес е докажан, познат и признат интернационален бренд.

Секогаш е важно да знаеме да ги прославиме успесите и да наздравиме за значајните денови за сите нас. Така сите заедно, сегашниот тим на Адора, заедно со оние кои дале придонес во минатото, го одбележавме меѓународниот празник на жената, а заедно прославивме и еден значаен ден за нашиот технички директор Илија Илиев, раѓањето на неговата ќерка Ана.

Нека овие традиционални одбележувања бидат повод за нова енергија и активности за доброто на компанијата и за доброто на националната економија.

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ