ЗА АДОРА

Темелите на Адора, како бизнис иницијатива на семејството Чифлиганец, се поставени во 1992-ра година со основањето на првата приватна аптека во Радовиш, која прерасна во веледрогерија, предводена од фармацевтот Данка Чифлиганец, специјалист за контрола на лекови, што успешно работеше една деценија. Во 2002-ра година, кога пазарната економија отвори нови бизнис можности, поаѓајќи од природниот градителски ген, семејството Чифлиганец започна да работи и се фокусира на високата градба.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец – Основач и генерален директор

 „Адора инженеринг е реализација на мојот детски сон да градам модерни куќички и домови за сигурно и квалитетно живеење. Компанијата 17 години растеше со слоганот „Само делата се вистина“. Како доктор на науки, по 11 годишно успешно менаџирање со најголемиот рудник за бакар Бучим, по интензивен општествено-политички, професорски и спортски ангажман, во 2002-та година започнав со градителство. Адора инженеринг се етаблира во една од најбрзорастечките и најуспешни компании во Македонија, предводник во имплеметнацијата на иновации, интернационални стандарди и современи трендови за квалитетно домување. Горд сум на 13.000-те илјади граѓани кои живеат во нашите домови, што за мене e задоволство и среќа, но и голема обврска да ја оправдаме довербата.
 Адора инженеринг работејќи креативно и посветено за само 17 години прерасна во вистински бренд во градежниот сектор – висока градба, во државата, на Балканот, Европа и светот.

 Во 2006-та година на тимот на Адора инженеринг му се приклучува д-р Драгана Чифлиганец, која со диплома од областа на маркетингот на реномираниот интернационален универзит Шефилд во Солун, Грција, ги минува сите скалила во работата, се стекнува со докторска титула и станува извршен директор на компанијата. Драгана даде голем придонес во воведувањето на интернационалните стандарди, трасирајќи го патот на новите технологии и иновативни решенија за поквалитетно домување, што стана препознатлив имиџ на Адора. Од самото доаѓање во компанијата, таа напорно работеше на воведување на првите енергетски ефиксни домови А-класа и фотоволтаичните системи за осветлување, што резултира со долгорочни заштеди на енергија и заштита на животната средина. Драгана Чифлиганец големо внимание посветува на грижа за клиентите и по купопродажбата, со многу изненадувања и награди за купувачите кои од Адора секогаш добиваат повеќе од дом. Таа е доста активна во општестено корисните проекти за креирање поквалитетен живот на граѓаните, со инвестирање за доброто на општините и заедницата, со цел сите заедно чекор по чекор да изградиме похумано домување и поздраво општество.

 Во 2015-та година тимот на Адора се прошири со Душко Чифлиганец, кој со диплома на една од најелитните Бизнис економски школи на Американскиот универзитет во Дубаи, донесе нов, свеж импулс во иновативниот прогрес, од позицијата заменик генерален директор. Тој стави свој печат со имплементацијата на најновите трендови во светската урбана архитектура во изградбата на „пар екселанс градбите“ Адора Flatiron и Адора Diamond Garden во Скопје, кои зрачат со уникатен дизајн и внатрешно брендирање и имаат прв сертификат за звучна изолација, 80 % над македонските стандарди. Овие објекти ги поместија нагоре границите на пазарот на недвижностите, вдомија 2.000 среќни граѓани и започнаа многу бизнис приказни. Душко со неговата визија и истрајност даде голем придонес проектите кои изгледаа недостижни, да станат реалност, да израснат во препознатливи урбани симболи на Скопје, а Северна Македонија да ја добие најголемата внатрешна градина за домување во Европа. Овие два „signature“ објекти добија две национални награди за борба против еко и звучното загадување и две интернационални признанија за иновативност во стилот и квалитетот на домувањето и за воведување на Boutique концептот на недвижности во Југоисточна Европа.

 Адора инженеринг предводена од искусниот, едуциран и потврден менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец и неговиот тим, продолжи со нови идеи и реализации, проширувајќи го бизнисот во финансискиот сектор. 2018-та година Адора инженеринг купи 10,01 % од акциите на Комерцијална Банка АД Скопје, со што стана најголем поединечен акционер во еден од банкарските столбови во државата. Актуелен предизвик за Адора инженеринг е проектот за изградба на Домот за сместување и нега на возрасни лица во Илинден, Скопје, што за менаџментот и тимот на компанијата е претставува големо задоволство поради навлегувањето во сферата на хуманиот бизнис.
Паралелно со успешната реализација на секој проект и со изградбата на секој нов објект, постојано растеше и желбата за помагање на заедницата, за што Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, досега имаат издвоено околу 5 милиони евра, за помош и донации. За проф. д-р Ванчо Чифлиганец тоа е најголемиот капитал и затоа тој порачува: „Филантропијата не се учи, со неа човек се раѓа, а вистинскиот хуманист дава со душа и од срце, а не со рака и од џебот. Среќен сум кога ги усреќувам другите луѓе, кога им подавам рака за поддршка, кога ставам барем една цигла во изградбата на подобро, порамноправно, похумано и поперспективно општество за сите“.

Мисија:

Нудиме недвижности кои во целост ги задоволуваат потребите на клиентите со комплетна услуга по принципот „клуч на рака“, со почитување на договорените рокови за реализација на проектите и со примена на современите стандарди и најнови технологии за изградба на објекти за квалитетно, сигурно, комфорно и економично домување. На купувачите им овозможуваме по достапни цени, да ги уживаат благодетите и долгорочните придобивки на квалитетно, модерно, функционално и зелено домување, според последните светски трендови, што компанијата ги воведува пионерски, секогаш над македонските стандарди. Сакаме да дадеме придонес во унапредувањето на станбениот фонд и пазарот на недвижностите, со подигнување на стандардите во високата градба и домувањето на национално и на меѓународно ниво.

Визија:

Преку постојано унапредување на услугите во високата градба и градежништвото, со следење и примена на иновациите во урбаната архитектура и домувањето на глобално ниво, наша цел е пазарот на недвижности да го збогатиме со повисок квалитет, со модерен стил, уникатен дизајн и комплетен комфор во домувањето. Нашата интенција е купувачите на недвижности да добијат трајна вредност со новиот дом и деловен објект за повеќе идни генерации, што најдобро ќе ја чува и надгради нивната инвестиција и капитал и да дадеме придонес во изградбата на повисока култура на домување во овој дел од светот.
Секогаш сме отворени за мудро проширување и збогатување на бизнисот со нови дејности и нови пазари.