НОВО ЛИСИЧЕ
ПОНУДА НА ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ ЗА ПРОДАЖБА
ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ
ЦЕНТАР – ПОД ВОДНО – СКОПЈЕ
ПОД ВОДНО – СКОПЈЕ
Елитниот станбено-деловен објект Адора Под Водно во централната урбана зона на Скопје, нуди на продажба ексклузивни деловни простории: Локал 1 од 93 m², Локал 2 од 618 m² и магацински простор од 293 m².
Деловните простории се наоѓаат во приземниот дел на објектот и располагаат со голем број сопствени паркиралишта, за потребите на сопствениците на недвижности и клиентите.
Станбено-деловен комплекс Адора Под Водно се наоѓа на исклучително атрактивна локација во строгиот центар на Скопје, под падините на Водно, веднаш до Министерството за внатрешни работи, на ул. „Димче Мирчев“ бр. 20, во Општина Центар. Во непосредна близина на објектот се централниот плоштад во главниот град, централната пешачка зона – улицата „Македонија“, Државната болница, новите репрезентативни хотелски комплекси, урбаниот парк, паркот на новинарите, Мала станица, Музеј на град Скопје, Старата железничка станица, познатите трговски центи Рамстор, Тинекс, КАМ маркети и други институции и важни објекти за лесно секојдневно урбано живеење, работење и водење бизниси во срцето на главниот град.
Со атрактивната локација, високиот квалитет на градба по современите стандарди и докажаната безбедност, содржините, можностите, сопствените паркиралишта и развиената инфраструктура, овие деловните простории нудат идеални услови за развивање успешни бизнис приказни и за водење дејности од различни сфери.
НАЈАТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ЗА УСПЕШНИ БИЗНИСИ
Елитниот станбено-деловен објект Адора – Под Водно е лоциран во строгиот центар на Скопје, под падините на Водно, веднаш до МВР, на ул. „Димче Мирчев“ бр. 20, во Општина Центар. Комплексот е редок, идеален спој на мирна, тивка област, без бучава и урбан хаос, со чист, свеж воздух од Водно, со уредена инфраструктура, сообраќајна и пешачка поврзаност, брза комуникација и лесно секојдневно функционирање во централното урбано јадро на главнио град.
Во непосредна близина на објектот се главниот градски плоштад и централната пешачка зона – улицата „Македонија“, Државната болница, Неуромедика, урбаниот парк, паркот на новинарите, новите модерни хотелски комплекси и препознатливите симболи на главниот град: Мала станица, Музеј на град Скопје, Старата железничка станица, познатите трговски центи Рамстор, Тинекс и КАМ маркети, банки, други институции и важни објекти во срцето на Скопје.
Станбено-деловниот објект Под Водно располага со слободни ексклузивни деловни простории за продажба во приземниот дел, со површина од 93 m² и 618 m², магацински простор од 293 m² и 25 сопствени паркинг места.
Со атрактивната локација, високиот квалитет, содржините, можностите, сопствените паркиралишта и инфраструктурата, овие деловните простории нудат идеални услови за почеток и развој на успешни урбани бизнис приказни и за водење дејности од различни сфери.
Деловните простории на продажба во Адора – Под Водно, имаат сопствени модерни паркиралишта за потребите на сопствениците, како и за потребите на клиентите.
ВИСОК КВАЛИТЕТ · СТАБИЛНОСТ · КОМФОР ПО НАЈНОВИ СТАНДАРДИ
- Асеизмички конструктивен систем, геомеханичка стабилност до 100 Mpa, бонификација на тлото. Темелна плоча 95 cm, вграден бетон МБ: 39-50.
- Енергетски ефикасен објект. Драстично намалени трошоци за греење и ладење, пониски сметки за струја, до 37 ˚C без клима уред.
- Надворешни фасадни ѕидови-блок тула д=20 cm, термичка демит фасада со 8 cm неопор, графитен 25 kg/m³, коефициент на топлопроводливост Umax<0,4.
- Кровна изолација-покривна плоча од 15 cm, со термичка изолација, хидроизолација и паропропусен, водонепропусен слој.
- Фасадна столарија-ПВЦ профили, петкоморни, со три дихтунга, трислојно термопан стакло, надворешно К-четиорисезонско.
- Фотоволтаици за заедничко осветлување, штедат енергија, без посебни сметки за струја.
- Одлична звучна изолација потврдена со научно истражување од Градежниот факултет при УКИМ, Скопје, индекс на звучна пропустливост од 39 db на преграден ѕид.
- Влез со просторија за домар, видео надзор, видеофонија, штедливи светилки на сензор.
- Влезна партија од мермер и гранит.
- Прва класа керамички плочки од Шпанија, санитарии прва класа.
- Модерни подземни паркиралишта со автоматска гаражна врата, далечинско управување и хоризонтална сообраќајна сигнализација.
- Паркиралишта на партер.
Локација: ул. Димче Мирчев бр. 20 Центар – Скопје
Ексклузивни деловни простории: 93 m², 618 m², магацин 293 m².
Сопствени модерни паркиралишта
Со имотен лист!